Search This Blog

Monday, June 11, 2007

ИРАК - откуп на вина ... хаос ... & Морли

Работев неколку години во Ирак континуирано а во еден период од 15 години имам летано за Ирак многу, многу пати ... Во времето на Садам Хусеин - Ирак беше просперитетна земја - која за разлика од другите арапски држави не ги спроведуваше во целост некои забрани во однос на вообичаениот живот ... алкохолот ... имаше дури и казина ... дури и јавни куќи ... жените арапки се шетаа во миниќи ... имаше и со фереџе де, ама тие беа многу ретки ...

Цел Ирак беше испресечен со безброј канали за наводнување меѓу Тигар и Еуфрат ... Огромни проекти за десоленизација на земјата (на кои работеа Бугарски компании...) ... Трговски центри во кои за мали пари ке се најдеше сета западна стока ... Хајвеј улици и патишта ... улиците и патиштата им беа писти ... Огромни комплекси на нови населби ... Имаше и делови кои мирисаа на стариот начин на трговија - таканаречени сукови ... Културно историските споменици беа светлост и светиња за Ирак ... Археолошките наоѓалишта ... Музеите ... светеа ... Безброј нови Џамии скоро сите со златни кубиња ... Програми на англиски јазик ... ТВ вести на англиски јазик ... весник на англиски јазик ... Сите знаеа англиски ... Татар на англиски - Шекспир го гледав таму ... Англиски им беше втор мајчин јазик (да не заборавиме Ирак беше долго време англиска колонија ) ...

Во еднен таков историски период Садам се осети премногу моќен ... и направи голема грешка - почна да се вооуружува со сите најсовремени оружја ... Во таквите проекти преку СДПР (Сојузна дирекција со ппосебна намена) многу наши градежни компании од Макдонија учествуваа во изградба на најтајните воени бази и скривници на Садам ... Во одредени периоди имаше колонија од над десетина иљади работници од Македонија на времена работа во Ирак ... Ирак кој броеше околу 20 милинои имаше странци во просек од околу 2 милиона - странци од сите светски нации ... Наместо богатството од нафтата да го искористи за просперитет на своето население и градење на проекти - кои ке користат кога нафта веќе нема да има ... тој се полакоми по оружјето ... кое само му донесе неколку војни со соседите ... Има една народна мудрост: “..кој употребува оружје од оружје и умира ...“

- Со Иран поведе скоро десетгодишна војна - во која се исцрпе и финасиски и во човечки фактор ... Генерации млади ирачанки немаа за кого да се омажат ... бројот на изгинати во Ирачко/Иранската војна е неброен и се брои во неколку стотина иљади ...
- Со Кувајт - блицкриг војната која беше директен повод за нападот на САД со своите коалициони партнери - во таканаречената заливска војна ... Од оваа војна се разрушени многу комуникации ... мостови ... фабрики ...
- Иако поразен Хусеин не извлече поука од заливската војна ... повторно се силеше и предизвика нова војна со САД коалицијата ... која во вториот напад над ирак - од Ирак направи пекол ... како за Ирачаните кои влегоа во граѓанска војна и во неизбежна поделба на Ирак на најмалку три дела ... така и за коалициските сили кои секојдневно гинат одкако го “освоија“ Ирак ... Ирак е секако Витнам 2 за америчките сили ... Ирак е “Мека“ за фудаменталниот и радикален исламски тероризам ... кој го пустоши Ирак ...
- И покрај пеколот кој го имаа под цврстата рака на Садам Хусеин ... мислам дека обичниот ирачки граѓанин а поготово ирачките мајки жалат са времето на Садам Хусеин од времето пред да почне да се наоружува и да води војни со комшиите ...
- И со Сирија Садам беше во перманентна кавга ... зошто дури ни Ирачаните незнаат ...
- Палестинското
раково и палестинците беа во Ирак како дома ... и како работна снага и како способни трговци и предприемачи ... Израел беше омразената земја ...

Забегав во сликата за Ирак ... го изместив тежиштето на постот ... Во Ирак важеа специфични закони и правила поготово во сообраќајот ... Странците кои работеа во Ирак работеа со Резидентни карти а Пасошите им беа одземани и се чуваа во Ирачкиот резидент департмент ... Кога ке сакаше да си појдеш дома мораше прво да се побара пасошот од Ирачкиот резидент департмент ... да се извади “егзит виза“ ... Мораше и лично да појдеш да те видат ... Ирачкиот Резиден офицер - прво ке провереше дали против лицето има некаква судска постапка ... за да го пушти да си оди дома ... Види најдолу скен од влезна и излезна виза од Ирак ...

Нашите луѓе кои работеа во Ирак ... имаа при себе Резидент карти (најдолу види скен на мојата резидент карта и истата за мојата сопруга и керка) со кои можеа слободно да се движат низ Ирак ... Воколку во сообраќајот се направше некаов судар во кој ке се направеше некаква штета ... нашиот возач веднаш се затвараше додека не ја надомести штетата ... без разлика дали си крив или не Ирачкиот суд пресудуваше дека си крив со образложение - дека ако ти не си дошол во Ирак немало ни да се случи саобраќајката ...

Воколку во судирот имаше човечка жртва - Ирачанец, се одеше во граѓанско судска постапка - во која мораше да се спогодиш со фамилијата за да ти прости ... не само духовно туку и материјално ... мораше да се откупи животот од фамилијата ...

Лично јас никојпат не осетив таква казна на себе иако во Ирак имав поминато преку 300.000 километри позади волан ... Но имаше наши шофери, кои го осетија ова на своја кожа ...

Во друга прилика ке ви ја раскажам сторијата за еден шофер на шлепер од една кумановска шпедиција, кој кај Мосул во сообраќајка удри во Ирачко воено возило и усмрти четворица Ирачки војници ... кој во сплет на околности со моја лична заложба и гаранција не само што излезе од затвор ... туку неколку години работеше во Ирак во наши фирми .... се врати дома пребегувајки од Ирак на финта ... и сега е сретно оженет во Македонија ... И самиот откупи во тие неколку години две од жртвите ...

Е нешто слично како да се случува во нашата судска пракса во случајот на Морли ... кој во саобраќајка усмрти дваица наши сограѓани .... но откако очито се спогоди со фамилијата (ги откупи жртвите - наеднаш беше прогласен за виновен ... но осуден само со условна казна и веднаш пуштен на слобода )

Дали и кај нас се воведува тој муслимански закон на откуп на жертвата ... кој е познат во случаевите на крвна одмазда ... кога фамилиите се помируваат со договор за откуп на крвта ...

- Кривичниот совет на Основниот суд во Струга, со кој претседаваше судијата Ацо Петрески, вчера Николас Морли, предизвикувачот на тешката сообраќајна несреќа на патот Ќафасан - Охрид, во која животот го загубија Владимир и Марагит Чепуњоски, го осуди на две години, под услов во наредните три години да не направи кривично дело.
- Николас Морли, како што е познато, на почетокот на мај, учествувајќи во меѓународната трка "Гамбол-3000", со своето "порше" на патот Ќафасан - Струга удрил во "голфот" на брачниот пар Чепуњоски, кои починаа од здобиените повреди. Според судскиот вештак, младиот Англичанец во моментот на судирот возел со 161 километар на час што е голема брзина за овој дел од патот. Одбраната не го прифати овој извештај туку инсистираше на извештајот на двајцата независни експерти од Англија и од Македонија.

- Во пресудата Морли е обврзан на семејството на загинатите да им исплати отштета од 88.000 денари. Кривичниот совет на Морли му го укина притворот што 33 дена го издржуваше во затворот во Охрид и тој сега е на слобода и може да ја напушти Македонија.
- По соопштувањето на пресудата, Морли беше вратен во затворот во Охрид да си ги земе личните работи од каде што слободно може да ја напушти Македонија. Изрекувањето на условната казна за Британецот Николас Морли, што всушност е негово ослободување и може да си замине за Велика Британија, ги збуни присутните во судницата и оние што први дознаа за тоа, а стручњаците не сакаа да ја коментираат.


- И мајката на Морли, Памела, беше задоволна од пресудата. Таа со солзи во очите го дочека Морли во прегратка.
- Ова беше неверојатно стресен период за Ник и со нетрпение го очекувам неговото враќање дома. Свесни сме за големата трагедија, но јас и мојот син не направивме ништо погрешно - изјави Памела Морли.
- Британецот е осуден за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот за што, според Кривичниот законик, е предвидена затворска казна и до десет години. Неофицијално дознаваме дека против пресудата ќе се жали Јавното обвинителство, наведувајќи го фактот дека за вакво дело на виновникот му следува казна затвор од најмалку четири години ако биде прогласен за виновен.
- Според вештото лице Миле Поповски, сообраќаен инженер, Морли возел со преголема брзина, а според извештајот на стручњаците Ричард Ламбур од Велика Британија и Винко Гаица од Скопје, виновен бил загинатиот Владимир Чепуњоски, а Британецот наводно возел со брзина од 70 до 76 километри на час. И совозачот на Морли, Метју Меконвил, го бранеше својот колега и тврдеше дека „поршето“ го возел со нормална брзина. Интересно е тоа што во текот на судењето адвокатот на семејството на загинатите побара ослободителна пресуда за Морли и за несреќата рече дека е виновна лошата судбина.
Се шпекулира дека семејството се договорило за отштета од над 100.000 евра.

- Британецот Морли, кој минатиот месец во сообраќајка уби двајца стружани, е на слобода! Осуден е условно. Ако го повтори делото, ќе лежи. Ако не, тогаш нема. Дека Морли секој ден вози низ Струга, па е важно да биде поучен од казната, и да не ја повтори.
- Косоварот што прегази полицаец. Моторџија од обезбедувањето на Премиерот, беше казнет со 500 евра и пуштен, како и Морли, дома. Морли не плати ни толку. Барем не официјално и на државата.
А дека некому платил, тоа е повеќе од сигурно.
- Клучно за оваа пресуда било оружјето.
Имено, Морли има британски пасош и убиството го извршил со порше. Кој има британски пасош и користи порше за такво дело, тој си оди дома, наместо на робија. Морли е последен во низата на доказите.
Знам десетици случаи на прегазени и загинати во сообраќајки каде делото е сторено со кец, југо или голф по што се лежело. И тоа со години. Затоа, единствено нешто по што се разликуваат тие што лежеле и Морли е оружјето со кое делото е сторено.

За некој момент ке ги едитирам и скеновите кои ги ветив погоре ...

- Irak ... Iraq ... Ιράκ ... Iraek ... العراق ...
- otkup na vina ... krvna odmazda ... Morli ...

Rezident karta prva strana.jpgRezident karta zadna strana.jpgVlezna viza za Irak.jpg Vlezna viza za Irak - egit.jpg

2 comments:

Photo Volan said...

Се надевам дека ја разбравте поентата на постот ... можеби смеќава малку личниот пристап со примерот од Ирак ... но само сакав да ви доловам дека Ирачката држава од тоа време се “грижеше“ за своите граѓани ... штитејки ги на сите можни дозволени и недозволеи начини ...

Сакав да направам паралела со случајот на Морли кој вероватно плаќајки извесен износ на пари се спогоди со фамилијата ... можеби и со судиите ...

Морли ги откупи своите жртви ... ова е поентата ... се ствара ли нова судска пракса ... На база на кој наш закон вака е пресудено ...

Alan Curtis said...

Сакам да споделам со сите вас овде за тоа како да го добијам мојот заем од г-дин Бенџамин кои ми помагаат со заем од 400.000,00 евра за да го подобрам мојот бизнис, Беше лесно и брзо кога аплицирам за заем кога работите се влошуваа со мојот бизнис г. Бенџамин ми даде заем без одлагање. еве го е-пошта на г-дин Бенџамин / контакт со Whatsapp: +1 989-394-3740, Lfdsloans@outlook.com /

Blog Archive

Site Meter