Search This Blog

Thursday, June 21, 2007

КОКИНО & Драган Даутовски

- Драган Даутовски ќе свири на древната опсерваторија Кокино, со што, како што вели, рано наутро ќе се моли на Бога (5 часот и 8 минути).
- Звуците на древната топчеста флејта, окарината и на кавалот ќе се огласат токму на изгрејсонце, на денот Рамноденица, кога официјално завршува пролетта а настапува летото, и кога, како што вели Даутовски, планетите се многу специфично подредени.
- Затоа одлучив и јас да музицирам на тој ден, рано наутро, на изгрејсонце, на опсерваторијата Кокино. На тоа
прастаро и чисто место (од сите аспекти) ќе ја изнесам музиката скриена во двата инструменти кои доаѓаат од далечното човеково минато, неолитот. Едниот е топчестата флејта - за мене симбол на доброто, божественото, која што неодамна концертно ја промовирав, и вториот неолитско свирче - од охридскиот регион, за кое сум убеден и верувам дека е симбол на изгубениот човек (во друга прилика ќе појаснам зошто), а тука е и кавалот, инструментот на мојот духовен мир, објаснува Даутовски.
- Преку мојата интимна "средба" со Него (Бога) на Кокино, ќе го искажам мојот скромен човечки и уметнички непокор кон сето зло што не опкружува.

А на кој датум ке биде ова ????

На новинарите или некој им ги крати написите - па фалат основни информации за настанот ... или лошо ги промовираат културните настани од исклучително значение ... или воопшто не ги промовираат ...

Слаба промоција воопшто имаше за бесплатните осум концерти на Синтезис - низ осум различи Археолокалитети во Македонија ... Веројатно кривица имаат и самите организатори на концертите ... но и новинарите некако незаинтересирано се однесуваат кон овие промоции - кои не се комерцијални ... туку промотивни ...

Весниците гагаџиски ги прифаќаат парите од рекламата што Владата им ги дава (за промотивните проекти од Владата...) ... а за беспари не прават промоција на културни настани и вредности ...

- Kokino ... Dragan Dautovski ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter