Search This Blog

Saturday, June 23, 2007

Интернет портал на среднте и основните училишта во Македонија

Интернернет е навистина единствена социјалистичка идеја која се остварува ... Земе колку ти треба - дај колку можеш ... За Македониецот интернетот сеуште е луксуз поради високите цени ... лошиот пристап ... продавање на диалап пристап (јас би го забранил ... т.е. би го направил потполно бесплатен за граѓанинот ...).

Некои упорно покушаваат да докажат теза дека во МК со интернет пристапот тече мед и млеко ... дека МК е тотално покриена со интернет ... Зборувајки за Интернет проблемите во Македонија ке забегам од денешната тема на постов и затоа тука ке прекинам со тоа ...

Пред извесно време присуствувајки на WSA Macedonia 2007 ... одкрив неколку прекрасни идеии за сајтови или портали ... Тогаш реков дека во некоја иднина ке промовирам некои од нив ...

Тема на постав ми е да ги представам можностите на Порталот на основни и средни училишта ...

Краток опис: Единствен школски портал на сите основни и средни училишта во Македонија наменет за наставниците, учениците и нивните родители со бесплатни сервиси како е-пошта, форуми, ресурсен центар, он-лине речници, календар на настани, листа и податоци за сите школи, нивните веб-страници, алатка за дизајнираје веб-страници и друго.

♦♦ Да почнам со критика ... на порталот не се гледа кој стои позади него ... Министерството за образование и наука на РМ ... некоја донација е ... ??! ... Ги нема јасно дефинирано целите на порталот ... Сега во дискусијата на оној кој го промовираше порталот рече дека овој портал би требало да го преземе Министерството за образование и наука на РМ ... веројатно одкако ке плати за досегашниот труд ... Не ја знам играта навистина ...

♦♦ На почетна на порталот се наоѓаат написи за некои случувања во врска со образованието и образовниот систем ...

- Формиран првиот ученички тим за техничка поддршка
- Кампања за вести од основните и средните училишта, О.У.
-
Концепција за деветгодишно основно образование
- Нов УСАИД Проект за основно образование
- Проектот за основно образование(ПЕП) и Мајкрософт подобруваат одржувањето на компјутерите во школите
-
Образовна средба 2007
- Кампања за вести од основните и средните училишта, ОУ Тодор Арсов – Зрновци
- Нови можности за пријавување проблеми со Интернетот
- Избор на најдобра веб страна 2006

Прегледувајки ги овие линкови ми стана јасно чив е овој портал ... кој го финасирал и одржувал до сега ... долните фотки доволно ке зборат сами за себе ...



- Натпреварот беше организиран од проектот „Македонија се поврзува“ кој е финансиран од „Американската агенција за меѓународен развој“ (УСАИД).
- Амбасадорот на САД г-ѓа Џилијан Миловановиќ им се обрати на учесниците и им честита за вложениот креативен труд на сите училишта кои се вклучи
jа во овој избор.
- Најмладите беа пријатно изненадени од врачувањето на големите чекови од илјада американски долари кое беше направено од претставникот од Он.нет Сашо Мацановски Трендо. Како креативен директор и уредник на содржинскиот дел на Он.нет тој исто така ја позрдави оваа иницијатива која многу придонесува кон збогатувањето на локална содржина и развојот на македонскиот веб простор.


Нови можности за пријавување проблеми со Интернетот

- Поддршка за Интернет врската во Вашето училиште можете добиете на следниве начини:
Он.нет 24/7 број за поддршка (02) 309 99 99
Е-маил за поддршка edusupport@on.net.mk
СМСза поддршка 070-145-187

- On.Net Помош и Подршка

Значи идејни творци на проектов се:

♣♣ УСАИД Македонија ... со проектите: УСАИД проект за основно образование ... Креативна настава и учење ... е-Школо ... Активности во средното образование (СЕА) ... Македонија се поврзува

♣♣ и Он.нет како техничка помош ... и изведувач на проектот Македонија се поврзува ...

Учеството на УСАИД Македонија и Он.нет ... воопшто не е лоша работа ... но некако ми изгледа како некои работи да се решаваат на мала врата ... недоволно транспарентно ...

♦♦ Има линкови до сите средни и основни училишта ...
- Ова е листата на сите поврзани средни училишта (103 училишта.) Кликнете на "Општина", "Место" или "Училиште" за да ја подредите листата. Со кликање на името на училиштето можете да ги видите контакт информациите.
- Ова е листата на сите поврзани основни училишта (364 училишта.) Кликнете на "Општина", "Место" или "Училиште" за да ја подредите листата. Со кликање на името на училиштето можете да ги видите контакт информациите.
- Од мене само пофални зборови за сите напори на средните и основните училишта да направат свои интернет сајтови или портали ... навистина огромен пионерски труд ... Некои се уште во изработка - но и ова што е сторено заслужува одлична оценка ...

♦♦ Има дел на сајтот за самите ученици и нивните поединечни успеси ... и нивен форум ...

♦♦ Има дел каде наставниците даваат свои предлози,сугестии .... се следат одредени случувања ... форум ... вести ...

♦♦ Има дел за родителите ... нивен форум ...

♦♦ Делот за форумите на учениците а поготово родителите ... покажува една жалосна слика на малиот број на користење на интернет од дома ... имено форумите на родителите се со нула посетеност ... а на учениците е премало ...

♦♦ Делот за е-Дневник е навистина нешто што треба да биде револуционерно во следењето на учениците и нивниот успех, посетоност на настава ... дисципина - од страна на нивните родители ...

♦♦ Делот за е-Курсеви е интересен ... корисен и нешто што треба да се полни што побргу ... Засега има само три курса ... за PHOTOSHOP ... Microsoft Word ... и за Miccrosoft Windows XP ... Добар начин да се представат софтверските алатки ...

♦♦ Како и секој друг сајт/портал и тука има корисни линкови ...

За крај морам да кажам дека сум импресиониран од можностите кои ги пружа еден ваков портал ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter