Search This Blog

Wednesday, June 20, 2007

ПРИВАТНИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ - бизнис

Секаде во светот има Државни и Приватни Универзитети ... Таква ситуација имаме и кај нас ... Во поседните неколку години се отворија неколку Приватни Универзитети - кои сериозно конкурираат на Државните ... Но ...

Дозвола за работа немаат а вршат упис
- Кумановски „Еуроколеџ
- Евроамерикански колеџ - Струга
- Европскиот универзитет -
Скопје

Дозволи за работа – акредитација имаат само
Джавните

- Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
- Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола
-
Државниот универзитет во Тетово
- Државниот универзитет „Гоце Делчев“ во Штип
И приватните
- Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово
- Универзитетот „Њујорк“
-
Универзитетот „Американ колеџ
- Факултет за бизнис-економија
- Факултет за туризам
- Висока стручна школа „Академија Италијана“

Недопуштиво е да се толерира запишување на факултети кои немаат верифициран статус - добиено дозвола за работа од Министерството т.е. акредитација. Контролата треба ја спроведе Државниот просветен инспекторат, кој има право да ги затвори универзитетите што незаконски запишуваат студенти. Но:

- Веб-страницата на Министерството за образование е единственото нешто со кое државата се бори против дивите универзитети што запишуваат студенти и покрај тоа што немаат акредитација и дозвола за работа, обвинуваат експерти и универзитетски професори.
- Кумановскиот „Еуроколеџ“ и Евроамериканскиот колеџ од Струга секоја година запишуваат студенти и покрај апелот од Министерството за образование дека не смеат да го прават тоа. Годинава и Европскиот универзитет распиша конкурс за упис на студенти, а се уште нема добиено дозвола за работа од Министерството.
- Контролата треба ја спроведе Државниот просветен инспекторат, кој има право да ги затвори универзитетите што незаконски запишуваат студенти.

Подолу ке го едитирам соопштението на Министерството за Образование - во кое се соопштува кои факултети можат легално да запишуваат студенти ...

- И З В Е С Т У В А Њ Е

1. Министерството за образование и наука ги известува граѓаните дека според Законот за високото образование ("Службен весник на Република Македонија" број 64/2000, 49/03 и 113/05), статус на високообразовни установи, запишани во Регистарот на високообразовни установи во Република Македонија, имаат следните факултети и високи стручни школи:

** ДРЖАВНИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ:

Универзитет "Св. Кирил и Методиј"- Скопје
-Архитектонски факултет- Скопје
-Градежен факултет - Скопје
-Електротехнички факултет- Скопје
-Машински факултет- Скопје
-Технолошко-металурушки факултет- Скопје
-Рударско-геолошки факултет- Штип
-Природно-математички факултет- Скопје
-Економски факултет- Скопје
-Правен факултет- Скопје
-Филозофски факултет- Скопје
-Филолошки факултет- Скопје
-Педагошки факултет "Св. Климент Охридски"- Скопје
-Педагошки факултет "Гоце Делчев"- Штип
-Медицински факултет - Скопје
-Фармацевтски факултет - Скопје
-Стоматолошки факултет - Скопје
-Факултет за физичка култура- Скопје
-Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје
-Шумарски факултет - Скопје
-Факултет за ветеринарна медицина - Скопје
-Факултет за драмски уметности - Скопје
-Факултет за ликовни уметности - Скопје
-Факултет за музичка уметност – Скопје

Универзитет "Св. Климент Охридски" - Битола
-Технички факултет- Битола
-Економски факултет- Прилеп
-Факултет за туризам и угостителство- Охрид
-Педагошки факултет- Битола
-Факултет за биотехнички науки- Битола
-Факултет за администрација и информатички менаџмент - Битола
-Висока стручна медицинска школа – Битола

Државен универзитет во Тетово

Превземи во PDF формат: РЕШЕНИЕ за акредитација на студиските програми за додипломски студии на Државниот универзитет во Тетово.
- Природно-математички факултет;
- Факултет за хуманистички науки и
уметности;
- Економски факултет;
- Правен факултет;
- Центар за политехнички студии, како висока стручна школа;

На факултетот се акредитирани и следните студиски програми:
- Додипломски тригодишни студии по фармација;
- Студии за општа медицинска сестра, акушерство, логопедија и физиотерапија;
- Студиска програма за наставни предмети за двопредметни студии по физика-хемија за дооформување на образованието на кадри кои завршиле Педагошка академија;
- Студиски програми за: Мекатроника, Архитектура, (со две насоки: Проектирање и Урбанизам), Инженерска економија и Градежништво (со две насоки: Конструктивно инженерство и Градежништво);

Државен универзитет „Гоце Делчев“ во Штип (Универзитетот е акредитиран и основан со Законот за основање на Државниот универзитет „Гоце Делчев“ во Штип - објавен во „Службен весник на Република Македонија“ број 40/2007). Во состав на универзитетот се:
- Економски факултет;
- Правен факултет;
- Земјоделски факултет;
- Факултет за музичка уметност
- Факултет за информатика и
- Висока здравствена школа

** ПРИВАТНИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ:

Југоисточно - европски универзитет – Тетово:
- Правен факултет
- Факултет за јавна администрација
- Факултет за бизнис администрација
- Факултет за комуникациски науки и технологии
- Педагошки факултет
- Јазичен центар, висока стручна школа и
- Комјутерски центар, висока стручна школа
Прв приватен универзитет - ФОН - Скопје
- Факултет за правни науки
- Факултет за политички науки и меѓународни односи
- Факултет за применети странски јазици
- Факултет за детективи и безбедност - Скопје
- Факултет за менаџмент со животната средина
Прв приватен европски универзитет (акредитиран и во постапка на добивање на одобрение за работа)
- Факултет за економски науки
- Факултет за комуникации и медиуми - Скопје и Струга
- Факултет за информатика
- Факултет за јавна администрација
- Факултет за арт и дизајн
Универзитет Њу Јорк во Скопје
-
Факултет за бизнис администрација
-
Факултет за информатика
-
Факултет за комуникации
-
Факултет за меѓународни односи и
-
Факултет за англиски јазик
Универзитет ”Американ колеџ”- Скопје со факултетите:
1) Факултет за деловна економија и организациони науки (постојниот факултет кој продолжува со работа);
2) Факултет за политички науки;
3) Факултет за странски јазици;
4) Факултет за јавна администрација;
5) Висока школа за архитектура и дизијан;
6) Висока школа за комјутерска техника и иниформатика.
- Приватна високообразовна установа Факултет за бизнис економија –Скопје
- Приватна високообразовна установа Факултет за туризам - Скопје
- Приватна висока стручна школа Академија Италјана – Скопје

Горенаведените високообразовни установи имаат право да запишуваат студенти и да издаваат дипломи за завршен степен на стручна подготовка и други исправи.

Обрнуваме внимание дека при основање на нови високообразовни установи, со добивање на решение за акредитација
не е завршена целосно постапката за основање и дека, високообразовната установа може да врши запишување на студенти, по нејзиното запишувањето во Регистарот на високообразовни установи на Република Македонија и во Централниот регистар на РМ, со што се стекнува со статус на правно лице и право да врши високообразовна дејност.

- Privatni univerziteti ...

1 comment:

Anonymous said...

Така е.
Него незнам зошто од литата ти фалат и:

Светиниколскиот Универзитет
Филмската академија од Скопје
И мислам дека имаше и уште еден италијански универзитет.

Доколку сакаш да бидеш објективен ке треба сите да ги наброиш, во спротивно твојот блог нема никаква вредност.

А едно прашање се поставува во врска со целата работа. Зошто досега Министерството не ги има затворено овие високообразовни институции.
Поради ова министерството е приморано што побргу да ги направи потребните промени во законот што ке му овозможат по конкретно да делува и реално да ги оценува работите што се случуваат во високото образование. Со новите промени на законот на странските универзитети ке им го потврди статусот и во Македонија. Тоа се универзитетите набројани погоре. Законот е во процедура и потоа ке ја видиме вистинската состојба во образованието во Македонија.

Blog Archive

Site Meter