Search This Blog

Wednesday, July 04, 2007

БОГАТА ДРЖАВА - на сиромашни граѓани ...

Ова е моделот на нашата држава - по совет на кредиторите, ММФ и Сведската банка ... кои само се трудат да ни утрапат некој кредит .. Се секираат како и кога ке им го вратиме ... а од друга страна не држат во изолација ...

Повеќе од 15 години платите на вработените стагнираат - додека цените на јавните давачки (струја, вода, телефон, парно ...) се со режим на слободно формирање на цени - по пазарни услови...

Безмилосно се уништија сите големи економски системи во кои беше народот вработен ... (процес на неправедна и криминална приватизација ...). Најголем работодавач во државата стана самата држава која успеја неколку пати да го зголеми буџетот - и да створи“ ламја партиска администрација“ (која впрочем мизерно ја плаќа...) ... Сето ова ја турна економијата на колена и имаме повеќе од децениско паѓање на економијата ... Се продаваа монополски бизниси - кои ја дотолчија економијата - цицајки колку си сакаат ...

Во сиот тој процес на полнење на буџет пред некоја година се измисли модел како да се соберат пари од дворните места ... Имено во минатите системи кога се градеа бараките по населбите ... се продаваа само бараките а земјиштето беше така наречено “Општествено“ ... Луѓето си ги платија бараките но земјиштето остана државно ... “Мудрите“ творци на полначи на буџетот - измислија модел да се одкупи градежното земјиште ... или да бидеш кираџија на него и да плаќаш кирија ... Секако кирија ке платиш и кога ке го купиш - ке ти опнат данок на имот ... и сликај се ... Сето тоа би било во ред ако народот е запослен и има барем пола од европските плати ... Нашите плати се десет пати помали од европските а цените за прехрана и комуналии ни се исти ...

Заборава некој дека си има проблем со триесетпроцентна невработеност ... а и оние што работат а поготово пензионерите неможат со својата плата, пензија - да опстанат ... да протераат од први до први ... Абе луѓе, политичари, прошетајте меѓу народот ... нели Груевски Ве советуваше за тоа ... не ги прашувајте за меѓународната политика ... прашајте ги како живеаат ... тераат ли од први до први ... Оставете го народот да ја преживее транзицијата ... помогнете му ... направите услови за вработување ... здравство ... школство ... Направете некаков мини Њу Дил ... Отворете процес на големи јавни работи - каде ке се запосли голем дел од невработените ... За тоа ако треба земете и кредити ... ке се исплатат на подолг рок ... Вака кредитите претежно ги користиме за “од шупљо у празно“ ... нема новосоздадена вредност ...

“Трансформацијата“ ги јаде парите ... таа не сјеба ... Трансформирајте ги транссформаторите ... судете ги - за досегашните неуспеси и бесмилосното трошење на нашите заеднички пари ...

Еве сега Државата поведе фронтовска војна со стечајците и тезгаџиите по пазарите ... Стечајците - со нив некако лесно им оди ... ем се тоа луѓе во години ем се малку ... но со “тезгаџиите“ ке биде битката сурова ... Тоа се таканаречени ситни бизнисмени - кои на тезгите вртат по некој денар ... барем не крадат ... Луѓе, појдете по тезгите ке видите дека просекот на капиталот кој е на тезгата не е поголем од 1000 евра ... Башка, поголем дел не е ни нивна - на консигнација им е ... Вие на тие луѓе им барате фискализација - која носи фиксни трошоци за книговодство и фискално сервосирање од 100 евра ... плус на тоа, сто евра тезгарината ... Двеста евра ... Не гледајте во законите од разладената канцеларија и теоретски ... искочите по пазарите ...тие луѓе мрзнат зиме, лете се варат - и ХРАНАТ ФАМИЛИИ ... не се на трошок на државата - не се на социјала ... Тврдам дека она што тезгаџиите го предлагаат а тоа е годишен паушал е сосема вистинското решение за државата и за нив ... На крај тоа и така ке се заврши ... инаку државата ке се судри оштро, овојпат со голема маса на луше ... би рекол со десет посто од популацијата ако се вклучат и нивните семејства ... Несакам да ја спомнувам шпекулацијата која се врти меѓу народот дека фирмите кои продаваат фискални апарати ... кои се “партијски спонзори“ - притискаат за ваков модел на фискализација ...

Удруте по крупните риби - оние кои успеваат да протнат шлепери со секаква роба меѓу која и акцизна ... цигари, алкохол и деривати ... Тука е решението на крупниот прилив на парите во буџетот ... Тука е сивата економија ... Останатото, она што се прави по пазарите е БОРБА ЗА ГОЛА ЕГЗИСТЕНЦИЈА ...

Зголемете ги платите на администрацијата ... Еве и најновиот советник за борба против крупниот и организиран криминал почитуваната госпоѓа Маковеј ке ви каже дека борбата против организираниот криминал ја почнала со зголемување на платите на судиите и дел од државниот апарат ... проверете ...

** Испадна дека е ова втор мој пост со ист наслов ... првиот одеше на 02.Јуни оваа година - но Најди не го најде ... :)

- Богата држава на сиромашни граѓани ...

- Bogata drzava ... siromasni gradjani ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter