Search This Blog

Monday, July 09, 2007

МАШКА ЛЕТНА ЗАБАВА ... средновечна ... комшиска ...

Maska letna zabava - P7050121 (Large).jpg

Традицијата на малскиот живот од старо Скопје - продлжува со традиција од урбан живот по современите населби ... пред влез ... на раскрсница ... пред гранап ... во блиските клупи во паркот ...

Македонските мажи во транзицијата која хара по Македонија - се снаоѓаат секој на свој начин ... Повеќето од нив се прогласени за технолошки вишоци ... За нови работни места тешко се снаоѓаат ... Не им одат од рака ни новите технологии ... компјутерите ... интернетот ... Тие беа вработени во големите системи - кои одред транзицијата ги урна а новопечената олигархија ги присвои во процесот на трансформација и приватизација ... Сега се бараат млади , полетни современи работници ...

Во меѓувреме овие горостаси на македонската транзиција - летните периоди ги користат за муабети пред влез ... на клупа ... дел станаа и предвремени пензионери ... Во друштво на карти, табла и шах - си ја ладат душата ... Се зезаат на свој рачуни ... и чекаат, што - незнаат ни самите ... Бистрат политика ... неретко и доста жустро ... Се загледуваат по позгодните комшики и ретките минувачки ... Се зерат што би рекол “Зверот“ ... Жените ги имаат избркано од дома да не смеќаат додека исчистат и направат ручок ... Понекојпат ретко - ке ги видите насмејани во друштво на своите внучиња - на кои се горди ...

Веројатно им остана да живеат со своите спомени ... надеж ...

Некој им ја уби надежта ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter