Search This Blog

Monday, July 16, 2007

КОЗА - македонска реалност

Интересна е судбината на Козата во Македонија ... и односот на македонската политика кон козата ...

Козата (лат. Capra aegagrus hircus) е животно кое јаде се ... лесно се прилагодува на сите услови од степски до вакви наши субконтинентални ... Здраво животно кое не заболува лесно ... Особено вирае во нашите краишта ... Козата е како коров - не можеш да ја уништиш ... Во минатото козата беше прогласена за уништувач и штетник ... Имаше закон кој забрануваше да се чуваат козите ... бидејки беше ера на пошумување на голите ридови - со кои македонските планини се преполни ... Поради обичајот на козата ако нема друго - да ја јаде кората на дрвјата ... без кора дрвото умира ... Во суровата сегашност голем дел од народот повторно почна да чува кози ...

Козата се чува поради обилноста на млекото кое го дава ... а и месото велат дека е добро (искрајно не сум јадел козјо - и незнам какво е ... сега по месарите има се па веројатно и сум јадел ама не сум знаел дека е од коза ...) ... Велат дека сразмерно на тежината козата дава највеќе млеко во однос на било кое животно - три литри просечно ... Има мит дека козјото млеко е многу здраво ... а вкусот на сирењето козјо е сличен на останатите сирења ... (млеко не сум пиел, ама сирење сум пробал и ме бендисува вкусот ... поготово она мешаното ...) ... Козјо млеко пијат оние кои не поднесуваат кравје ...

Козата е животно со специфичен табиет ... се граничи со инает ... сетете се на приказната на козите на тесниот мост ... А велат дека козите биле друштвени животни ... социјални де ... Ако козате живее сама, нема друштво ... станува нападна ... Само друштво на друга коза може да ја смири ...

Козата е карактеристична и присутна највеќе во зејите кои се со екстензивно земјоделско стопанство (Азија и источна Европа...) ... Ова последново ми е поента ... По сите ови долги периоди на слободен развој ма МК земјоделие - Козата и нејзината бројност ја покажува болната слика дека МК земјоделие никако не може да излезе од фазата на екстензивниот развој ... Козата открива колку МК политика работи во земјоделитео ... и колкави се успесите на таквата политика ...

Козата инаку е и моја судбина на некој начин ... во хороскопски знак сум дивокоза ... братучетката на оваа питомава коза која ја знаеме од нашите краишта ...

Во Италија односот кон козата е однос кон култот на “Коза Ностра“ ...

- Koza ... Domestic goat ... Домашна коза ... Hausziege ... Capra aegagrus hircus ... Chèvre ... Koza domowa ... Горные козлы ... Keçi ..

http://www.sunhome.ru/horoscope/east_horoscope

No comments:

Blog Archive

Site Meter