Search This Blog

Wednesday, July 18, 2007

Летни кражби ...

Во летнаата сезона на годишни одмори најактивни се крадците кои пикираат станови и куќи за кои имаат сознание дека домажините се на годишен одмор ... Особено се на мета оние станови и куќи за кои имаат сознание дека домаќините имаат пари т.е. се добростоеќки што би рекол народот ...

Написов е инспириран од случката на кражна на станот/куќата на cOOOkbOOOk ... за што не известува во нејзиниот пост ОГРАБЕНА ... а јас таму оставив коментар кој еве прераснува во пост ...

Лоповите оние од денеска крадат само пари и злато ... Техника не ги интересира ... лесно ги фаќаат ... Жалам ако ти недостаува некој драг спомен ...

Нешто слично се случи минатата година во сезоната на годишени одмори во станот на сестрами ... а јас задолжен да полевам цвеќиња ... Фаќање којзнае ... само случајно можеби ... крадците се секојпат чекор пред полицијата ...

Заштита може да се направи само од детски кражби од профисионалци ни банките не може да се осигураат ...

Некои финти помагаат како на пример вадење на написи кој живее во станот/куќата ... оставање на подотворени ролетни ... светла во пооделни соби ... ненавлеквање на дебели завеси ... музика од радио ... и секако близок комшија да недгледува ... комшија, пријател, роднина - сеедно ... исклучување на автоматска секретарка особено ако јавува - ние сме на годишен одмор, се враќаме за две недели ... не да надгледува и чува од крадци ... туку да речеме снемување на струја, па засмрдување на фрижидерот за длабоко ... недајбоже вода проблем и сл ...

Велиш осигурање - штознам за мене тоа е мангупска и лоповска работа ... се обештетуваат само наместени и фингирани случаи ... за жал ...

Секако помагаат и заштитните врати и камери - кои би ги снимеле крадците ... но џабе и да ги фатат ... треба лична тужба да направиш за да ти ја надоместат штетата ... а тие од пари имаат само празни џепови .. дури ни стална адреса немаат ... често се и малолетници кои не ги фаќа законот ... затворите им се чести домови ...

Па така само господ е најсигурен чувар на нашите домови кога сме на одмор ...

- Leto ... krazba ... stan ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter