Search This Blog

Thursday, July 05, 2007

ИЗВОР - на питка вода во Скупи

Сликајки по архео-локалитетот Скупи и качувајки се од улицата Кардо према Театарот на Скупи здоглеав шавар и трска ... Си велам што бара таква работота следе локалитет ...

Izvor vo Skupi - kolaz (Large).jpg

Стоејки на врвот на улицата Кардо завртен према Театарот Скупи - вниманието ми го привлече зеленилото веднаш под театарот. Наоколу како може да се види, од горештината веќе се беше исушено - а местово зелено. Од далеку ми се виде дека е тоа некаква трска ... Пријдов поблиску и вистина беше трска слика 2 ... Не само што беше трска - загазувајки блиску до трската ногата почна да ми пропаѓа ... значи местото беше богато (надоено ...) со вода. Тогаш ми светна - дека ова е можеби еден од изворите кој бил предуслов баш тука да се изгради најпрвин воената касарна во триесетите години пред Христа - за потоа на исто место да се изгради Скупи со сета убавина на античката граба ...

Се завртев према локалитетот и видов дека цевките за питка вода беа точно насочени тука ... Кој не верува нека провери ...

Сликата три ме изненади уште повеќе. Имено сопственикот на нивата од сликата 4 - ја наводнува нивата која е видно зелена со сплет на црева кои водат од барата - изворот ... на слика 3 веднаш до бројчето се гледа цревото - кое води према трската ...

На сликата 4 обележена е точка 5. која го означува местото кое го опишував во постот за Водоводот во Скупи ...

Аквадукт снимка од гоогле гола - со словенечка - so oznaki vo jpg.jpg

кликни на сликата за да ја зголемиш

1. Аквадукт
2. Словенечка
3. Булевар Македонско Косовска Бригада
4. Јадранска Магистрала
5. Мовчето на Серава
6. Америчка Амбасада
7. Кале
8. Мустафа Пашина Џамија
9. Скупи - Археолошки локалитет
10. Касарна Илинден ...
11. Железничка пруга кон Тетово и Косово
12. Тоопана
13. Склад Момин Поток
14. Хубо Маркет
15. Градски Парк
16. Топанско Поле
17. Визбегово

На еден од постовите за аквадуктот - во коментарите пресметав дека од аквадуктот до Скупи има 2400 метри ... колку што има и до Кале ... Тогаш шпекулирав дека аквадуктот носел некаде вода но каде ... Па наведов дека е возможно да има три предпоставки:

- Едната дека крајот на аквадуктот е почеток на некоја античка населба ... Имено крајот на аквадуктот започнува касарната Илинден .... Значи можно е касарната Илинден да е можен археолошки локалитет ... Што таму се пронаоѓало додека се граделе објектите во касарната секако било воена тајна ... но сега веќе не е - ке треба да се прочешла таа документација ... и така Владата има намера да ја продава таа локација ...

- Втората предпоставка ми беше дека е носена вода до Блиското Кале и Старата чаршија ... Толку амами низ чаршијата не може да се снабдуваат со било каква вода ... мора да имало и изворска вода ... Оваа шпекулација покасно дознав дека е покриена со факт ... имено во близината на поранешната бензинска пумпа Макпетрол на Кале - во минатото имало сондажно ископување - каде е утврден крак на аквадуктот ... Зошто ова се забошоти при продажбата на земјиштето за Америчка амбасада - не ми е јасно ... Тогаш пред да се врши дефинитивно почеток на градба на Америчката Амбасадата се права сондажни ископувања - тие покажаа само дека има на одредени места определени гробови ... и ништо друго ... Веројатноста дека и на тоа место имало предисториски населби од енеолитот е голема ... Имено на Кале се потвдија населбите од тој период ... Но добро, бидна таа приказна - Амбасадата е во градба ... За Македонија е добро што Американсците пуштија корени тука иако од грандиозноста на градбата и начинот на градба - се е брат дебел армиран бетон ... се гледа дека тоа не е само Амбасада - туку е некаков центар на Американските служби за овој регион ...

- Третата предпоставка тогаш ми беше дека Аквадуктот водел вода за Античко Скупи ... 2400 метри не е многу ... За жал тогаш не ја знаев котата на Скупи и на Аквадуктот ... На Скупи котата е 276.31 метар ... прочитано од маркер кој геометрите го оставиле кога вршеле мерење кај Скупи ... Колку е на Аквадуктот незнам ... Знае некој ??
IMG_5052 (Small).jpg
- Izvor ... Vodovod ... Cardo ... СКУПИ ... SKUPI ... SCUPI ... SCVPI ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter