Search This Blog

Thursday, July 19, 2007

Блага Алексова

Пред некој ден наидов на краток напис во Утриски - во кој се објавува дека починала археологот академик Блага Алексова (1922 -2007) ...

Написот го ставив во фолдер во кој ги ставам вестите - кои залужуваат внимание ... Очекував дека ке наидам на други написи по медиумите ... Но еве и по неколку дена од тогаш нема никаков нов напис ... им мемориум или нешто слично ...

Не се огласи катедрата за Археолгија ... не се огласи ни Академијата ... ни Министерството за Култура ... ни Археолошкиот музеј на Македонија - каде Академик Блага Алексова е еден од оснивачите ...

Пробав да пронајдам нешто повеќе на интернет за Академик Блага Алексова ... Секо од порано знаев - дека на сајтот на МАНУ ... нема да најдам ништо ... тој сајт стои во ваква нефунционална форма веќе со години ... За жал интернетот е сиромашен со линкови за Академик Блага Алексова ...

Остана едино посочениот напис на Утрински ...

- Археологот академик Блага Алексова, својот живот и работен век со голем жар го посвети на археолошката наука истражувајќи ја територијата на Македонија и прибирајќи мошне значајни докази за нејзината историја.
- Работеше како професор за ранохристијанска и словенска археологија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а
- беше и повеќегодишен директор и една од основачите на Археолошкиот музеј на Македонија и член на Институтот за национална историја во Скопје.
- Блага Алексова студиите по историја за уметност ги завршила на Универзитетот во Скопје, а докторската дисертација ја одбранила на Универзитетот во Љубљана.
- Во текот на 1971 и 1983 година престојувала на стручно усовршување во Дамбартон Окс Универзитетот во Вашингтон, САД.

- Со своите научно-истражувачки активности дојди до низа нови откритија за сакралните архитектонски објекти од ранохристијанскиот и словенскиот период во Македонија.
- Ги проучуваше црквите и нивното внатрешно уредување со архитектонска пластика, мозаиците, живописот и друго.
- Беше ко-директор на Југословенско-американскиот проект „Баргала“ и на Југословенско-американскиот проект „Стоби“.
- Држеше предавања во Дамбартон Окс и Смитсоновиот институт во Вашингтон и на неколку универзитети во САД (Мериланд ван дер Билт, Бостон).

-Во нејзината богата научна биографија се забележани повеќе трудови и студии објавени во Македонија и странство.
- Таа беше еден од првите истражувачи на Скопското кале, а
- ја истражуваше епископијата на Брегалница, а во истоимената книга Алексова, меѓу другото, ќе забележи: „Денешната автокефална православна македонска црква претставува само континуитет на правата и е правен наследник на некогашната Епископија на Брегалница и на автокефалната Охридска архиепископија што биле основани на дел од територијата на некогашната архиепископија
Prima Iustiniana
, во областите северно од големиот центар во Солун“.

Со волку малку зборови при простувањето со неа - мислам дека не заслужл некој што има титула Академик ...

- Akademik Blaga Aleksova ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter