Search This Blog

Saturday, July 07, 2007

АНТИЧКИ ТЕАТАР - СКУПИ ... SKUPI ... SCUPI ... SCVPI ...

Ристе Стефановски, долгогодишен директор на Драмски и на МНТ ... театарски хроничар ... во една ТВ емисија на МТВ произведена во ‘93-тата - прекрасно низ својата сторија ја опиша историјата на Театарот во Скопје ... Секако приказната за театарот ја почна со античкиот театар во Скупи ... преку театарот на Џинот, турските театри ... театрите од од србскиот период во Скопје ... бугарскиот период ... театарот кога немало зграда за театар ... кафеаната како театар ... Сторијата беше инспиративна и во друга прилика ке и посветам пост ...

Историјата на театарот во Македонија ја имате тука ... Но фали периодот на античките театри во Македонија ...

- Античкиот театар во Скупи иако се наоѓа во центарот на Скопје - три километри од сегашниот центар - е најзапуштен, најнеистражен и најмалку експлоатиран - од сите Антички театри во Македонија. За него одвреме навреме ке блесне некој напис и некоја невладина организација ке организира некое случување. Такви културни случувања во последно време организра и општината Карпош. Но сето тоа не е доволно. На градот треба што поскоро да му се врати и пушти во функција еден од најголемите антички театри во Македонија и пошироко.

“..Подигнат е во времето на Хадријан ( II век од н.е.). Според димензиите најголем од четирите антички театри на територијата на Македонија. Можел да прими околу 9000 гледачи. Откриени се главните контури на објектот. Театарската зграда долга 98 м. и широка 15м., а низ неа водат три ходника до орхестрата која има радиус од 15 м . Театарската зграда и фасадата на сцената биле богато и луксузно украсени со мермерни архитектонски елементи. Припаѓа на римскиот тип театри, а служел главно за забава. Се изведувале комедии, сатирични игри, пародии, пантомими и др..“

http://www.finance.gov.mk/mk/telekom/8/81/large/large-07.jpg

“..ТЕАТАРОТ ВО СКУПИ СО ГОДИНИ ЗАПУСТЕН
Најголемиот антички театар во Македонија го прекрија гробови
Античкиот театар во Скупи собирал 9000 гледачи. Лежи на југозападната страна на Зајчев рид, надвишувајќи го и доминирајќи над поголемиот дел од градот. Театарот, граден спопред тогашните римски архитектонски правила, го чинат театарска зграда, сцена или бина, оркестрата и гледалиштето. За градбата на гледалиштето била искористена природната падина на ридот, а за сцената и театарската зграда теренот бил нивелиран. Во прашање е навистина монументален објект со импозантни димензии. Театарската зграда е долга 98 метри, широка 15, а низ неа водат три ходници со радиус од 15 метри. Надворешниот раб на гледалиштето е повисок од 16 метри, колку шо најверојатно била и висината на театарската зграда. Бината се издигала на два метра над оркестрата и била обложена со разнобојни плочи од мермер, темно зелен и кафеав шкрилец. Пред фасадата на театарската зграга и т.н. скена археолозите откриле парчиња на капители, бази, архитрави, довратници, покеривни венци и други елемнети и украси со исклучително убава и богата орнаментика, чие уметничко и техничко ниво на изработка е на ниво на најпознатите дела од тоа време во останатите Римски метрополи. Бидејќи не се откриени остатци на бина се претпоставува дека театарските престави се одвивале во оркстрата која е во форма на неполн круг ( пречник 15 метри) карактеристичен за римскиот тип на театри. Гледалиштето ( кавеа) лежи на коса падина. Седиштата му се потпирале врз сложена масивна структура од концентричНи полукружни sидов, кои ја следат линијата на оркестрата. Горната пак половина на гледалиштето е формирана од два полукружни sида, поврзани со 24 sидови носачи, исто поврзани со свдови. Импозантно, навистина.
По сите овие пронајдоци на археолозите театарот го датираат во времето на Хадријан, прва половина на вториот век од нашата ера. Се претпоставува и точната година на неговото градење, 125 г. токму при посетата на Хадријан на Скупи.
Во театарот се играле главно трагедии, комедии и мимови, еден вид пантомима. Досегашните откритија не потврдуваат дека се одвивале и гладијаторски борби. Освен како што вели раководителот на локалитетот Скупи, архелогот Ленче Јованова- Алексиева, од Музејот на Скопје, одредени индиректни показатели кои укажуваат дека и таму можеби имало крвожедни борби на гладијатори, на животни и сл..“

Но да се вратам на мојата фото приказна за Античкиот театар Скупи ...

Teatar kolaz so nadmorska (Medium).jpg

Вака денеска изгледа театарот ... Докажано е дека големите камени блокови од Театарот Скупи се пренесени на тврдината Кале и уградени во таканаречениот киклопски зид ...

Kolaz od zidot na placot - Kale Skopje (Large).jpg

Ова е Македонскиот зид на плачот ... Толку многу ме асоцира на еврејскит “Зид на плачот“ ... па јас така го нареков ... Значи таканаречениот киклопски зид од горните слики е граден од камени блокови кои се донесени од театарот во Скупи ...

Театарот Скупи мора да се реобнови ... За таква идеја се залагаат многумина ... особено Здружението за негување на древните традиции "Ксантика" ... кое заедно со Културниот центар "Скрб и утеха" ... организираат представи на отворено ...

театат на отворено слика - kolaz (Large).jpg

Веќе втора година се одржуваат вакви театри на отворено во Скупи ... Се надевам и оваа година ке смогнат сили градоначелниците на Центар и Карпш и секако градоначелникот на Скопје - да ја продолжат традицијата до неговото конечно возобновување ... Ова е прекрасна летна сцена на само три километри од центарот на Скоје ... Реобновениот театар би бил страшна инекција во заживувањето на Архео-локалитетот на Скупи ... Да притискаме сите што го сакаме ова да му се случи на Скопје што поскоро ... ДА СЕ ВОЗОБНОВИ АНТИЧКИОТ ТЕАТАР СКУПИ ...

- Anticki Teatar Skupi ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter