Search This Blog

Monday, July 09, 2007

БАЗНА СТАНИЦА - среде локалитет ... СКУПИ ... SKUPI ... SCUPI ... SCVPI ...

Правејки ја мојата фото сторија за Античкото Скупи - не може а да не се примети дека на највисокиот дел на малото брдо - во чие подножје е она што досега е откриено од локалитетот - високо се издига Базнатра станица на “Космофон“ ...

Bazna stanica Skupi - kolaz (Large).jpg

Сите фотки се снимени од врвот на оградата околу Античкиот театар Скупи и Гробиштата ... Повторувам уште еднаш одејки по нивите - се загледував во земјата за да видам што има ... Се зачудив колку многу керамика има на површината ... онака превртувана во долговековното орање ...

http://www.finance.gov.mk/mk/telekom/8/81/large/large-05.jpg

Топографски план на Скупи ...

Gogle snimka - obelezena namalena skratena.jpg

Од топографската карта се гледа дека Базната станица на “Космофон“ - која на Гогле снимката носи бројче 6. ... (единица е главнината на локалитетот) ... е во границите на Античкиот архео-локалитет Скупи ... Ако сакате да видишт што представуваат другите бројки - кликните тука ...

Чепкав малку по нет за да видам дали има некоја сторија врзана за базната станица на Космофон - на врвот на Скупи ... Најдов само два написа ... иако се потрудив бајаги ...

- Првиот е на Вест од 09.Јуни.2003. - Античко Скупи континуирано живеело и со старите Словените - модерни варвари го уриваат ...

“.. Најтазе упади, освен оние познати од поодамна, како луксузните куќи во Злокуќани на пример, што и самите се уверивме на теренот, се новата базна станица на "Космофон" кој добил дозвола да ја изгради на овој локалитет, што не е прв случај, бидејќи исти такви наршувања овој мобилен оператор и тоа со благослов на локалните урбанисти, направил и на други локалитети во држаата. Базната станица на "Космофон" во Скупи е подигната точно врз акрополата која, како што вели Јованова, досега воопшто не е истражувана..

Ова е сериозно обвинување на весникот Вечер - кој често афирмативно пишува за археолошките локалитети во Македонија ... Индикативно е тоа што за оваа базна станица има одобрение за градба ... а нема правено предходно сондажно истражување ... Незнам дали одобрението за градба ја има прескокнато фазата на мислење на тогашниот Завод за заштита на скоменици ... Но ако такво има ... тогаш некој има направено голем превид ... Овој мал скандал не дојде на врвовите на МК медиуми ... дали е тоа случајно или некој се потрудил тоа така да биде незнам ... Би сакал приказнава да ја преземе некоја поамбициозна и помоќна редакција ... Можеби Вест повторно и да ни ја раскаже сторијата ... како е дојдено до градба на базната станица на Скупи ...

- Утрински индиректно ја спомнува базната станица во својот напис во Број 1567 - „Мобимак" го обвинува Буџаку дека не давал дозволи за базни станици ... Тука уствари не е спомната базната станица од Скупи ... но написот е интересен - за да се види односот на надлежните кон проблемите на Мобилните оператори ... Ова повеќе го истражував во мојот пост За ризикот од зрачењето на антените на Мобимак, Космофон и Он-нет!!! ... каде во коментарите се дадени многу линкови во врска со начинот на градење на базните станици ... легално ... или нелегално ... има дозволи ... нема дозволи ... има недозволено зрачење ... нема недозволено зрачење ...

- Утрински весник ја спонува базната станица во Број 2100 - во написот ... Во Катланово откриена некропола од железно време-Истражувањето на просторот каде што е откриен еден гроб со наоди дошло по барање на „Космофон“ ...

“.. И археолозите кои работат на локалитетот Скупи крај Скопје, ја потенцираат позитивната улога на мобилниот оператор, кој ќе ги финансира и престојните заштитни истражувачки работи на локацијата „Зајчев рид“, каде во функција на базната станица ќе биде ископана доводна траса во должина од 40 метри.
„Пријатно сме изненадени од постапката на Космофон кој како инвеститор ни излегува во пресрет и ги финансира потребните заштитни истражувања. Досега на тој потег не сме истражувале, а препоставуваме дека можеме да наидеме на делови од северниот и североисточниот бедем на Скупи, можеби да откриеме и гробови од северната некропола, а би било најдобро кога би се откриле културни слоеви од предримскиот период“ -вели археологот, долгогодишен истражувач на Скупи, Ленче Јованова„

Истакнувањето на позитивниот пример на Космофон е особено важно во период кога во земјава на голем број локации никнуваат различни објекти, базни станици, пред претходно подземните слоеви да бидат истражени. Позитивните примери ги охрабруваат истражувачите дека работите се менуваат на подобро, и дека нив ќе ги следат и други инвеститори чиј број во земјава секојдневно се зголемува. .. “

И толку само овие два кратки написа по медиумите ни Македонски ... Темата мислам дека заслужува аналитичко новинарско истражување на сериозен медиум ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter