Search This Blog

Tuesday, August 21, 2007

ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО ... Lake Prespa

Преспанското езеро е најголемото природно македонско езеро - кое го делиме со Грција и Албанија. 65% на Р.Македонија,18% на Албанија и 17% на Грција. Во Преспанската котлина се наоѓаат Големото и Малото Преспанско езеро.Малото Преспанско езеро и припаѓа на Република Грција.

Преспанско Езеро, Сателитска снимка

Map

** Преспанското езеро се наоѓа на надморска висина од 853 м. Тоа зафаќа површина од 273 км². Вкупната должина на оската (север-југ) изнесува околу 34 км,а широчината на езерото е од 2,7-10 км. Вкупната должина на крајбрежната линија изнесува 107 км. Најголема длабочина езерото има пред Нивичкиот залив, во месноста Глубина 54м, кај месноста Казан длабочината изнесува 34м. Нивото на водата постојано осцилира. Минимално регистрирано ниво (1995 год.) е 844 м надморска височина. Но сигурно не било и најниско за што зборуваат постоењето на стари населби, кои се забележуваат при низок водостој во езерската вода на повеќе места.

Водата езерото ја добива од подводни извори и неколкуте реки кои се вливаат во езерото. Тоа се: Голема река што се влива во северниот дел на езерото во месноста Нисија, Брајчинска река, со постојан водотек (се влива близу селото Наколец), Кранска река и реки од северното сливно подрачје со непостојан водотек, Источка река, Болнска река, Преторска река и реката Стара река во република Грција.

Но Преспанското езеро и ја губи својата вода заради варовничкиот карактер на Галичица и истекува Во Охридското езеро преку изворите кај Свети Наум, но извира и на други места во Албанија. Забележани се повеќе подземну истеци-понори: Понорот „Завир“ од кој водата понира во Охридското езеро, понорот „Врагодупка“ и други на терироријата на Албанија.

Бистрата езерска вода со температура од 24-28°С, долги песочни плажи, присуство на многу сончеви денови, немање на магловити денови, свежи ноќи, еколошки чиста средина, планини со бујна вегетација и изградени туристички капацитети, скијачки терени - се основите за развој на туризмот во Преспа, кој за жал и покрај компаративните предности не е во доволна мера застапен.

**

Преспанско Eзеро перманентно губи вода и бележи се' пониско ниво. Постојано се одливаат 10 кубни метри во секунда, независно од тоа дали станува збор за сушен или за влажен период. Експертите тврдат дека со оглед на динамиката на опаѓање на нивото за 23 сантиметри, кои има шанса да ги загуби до октомври, Преспанско Eзеро ќе го достигне или можеби надмине најниското измерено ниво кое е забележано 2002 година, а во однос на периодот на набљудување од 1950 година наваму.

На 25 август пред пет години била достигната апсолутна минимална кота од 843,27 метри надморска височина. Апсолутната максимална кота од 851,83 метри надморска височина била измерена во 1963 година и овој податок укажува на тоа дека езерото има осцилација на нивото од 8,56 метри, односно намалено ниво во однос на максимално достигнатото. Според последните снимања што ги има направено Управата за хидрометеоролошки работи од 2003 и 2005 година, оската на осцилација била многу поголема и изнесувала повеќе од 15 метри, односно нивото од ова сега било помало за повеќе од седум метри.

Преспанско Езеро има своја динамика на покачување и намалување на нивото. Од ноември до јуни езерото има прираст, а од јуни до средината на ноември неговото ниво опаѓа. Но, оваа година и последните седум-осум години се случува опаѓање на нивото и тогаш кога тоа треба да расте. Поради намалената влажност, односно поради сушниот период, големото испарување и намаленото ниво на реките, не може да се обезбеди толкав прилив на вода во езерото колку што има нејзин одлив.

Како најголемо природно езеро во Македонија Преспанското езеро мора да доживее своја регулација ... Измената на нивото на езерото од 8 до 15 метри надморска височина негативно влијае на неговото оптимално користење пред се за туристички цели ... Тоа значи ако се изгради хотел на плажа - за неколку години плажата може да биде два километри од езерото ... Секако регулирањето на нивото на езерото треба да биде научна работа и проект кој би бил од меѓудржавен карактер (Македонија, Грција и Албанија ...). Би можело да се конкурира - како проект на ЕУ ... и да се искористат богатите фондови на ЕУ - кои се наменети за зачуваување на природните целини и реткости ... како и екосистеми ...

Сите наши езера (Преспанско Езеро ... Охридско Езеро ... Дојранско Езеро ... Мавровско Езеро ... Езеро Матка ... Младост (езеро) ... Езеро Водоча ... Козјак (езеро) ... Липковско Езеро ... Пелистерски Очи ... Тиквешко Езеро ) се македонски бисери кои се погодни за туризам - особено за викенд туризам и развој на пензискиот туризам ... Викенд туризмот - засега се одвива во поголема мерка на ниво на диво градење на викендици ... а пензискиот туризам скоро и да не е застапен ... Сите езера се одлична можност за инвестирање и изградба на пензиски домови - во кои старите лица заслужено би ја поминувале “есента и зимата“ на своите животи ... пензиски домови во идеални природни средини ... Погледнете само на запад сите пензиски домови се градат во природни целини покрај некава вода, река езеро или море ... Цела Калифорнија е базирана на пензискиот туризам ... а богами голем дел и од Шпанија се разви на база на таков туризам ...

- Prespansko ezero ... Prespansko jezero ... Prespanské jezero ... Prespasee ... Λίμνες Πρέσπες ... Lake Prespa ... Lac Prespa ... Prespameer ... Prespasjøen ... Jezioro Prespa ... Преспа (озеро) .. .Prespasjön ... Prespa Gölü

- Еве неколку линкови со фотки од Преспанско езеро ... а и долните мали сликички се линкови кон фотки или написи ... 1 ... 2 ... 3 ... 4 ... 5 ... 6 ... 7 ... 8 ... 9 ... 10 ... 11 ...

Сликата “http://k43.pbase.com/o6/90/140690/1/80351162.UDDiSvNs.Macedonia2007_P1280092.JPG” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.



Lake Prespa

No comments:

Blog Archive

Site Meter