Search This Blog

Friday, September 28, 2007

Музејот ве посетува вас

Ретко кога критикувам написи по весници кои се однесуваат на било што ... но овој напис на денешен Вечер ... “Музејот ве посетува вас“ ...

Замислен да го промовира случувањето на “Музејот на Македонија“ - кој организира манифестација "Европски денови на културното наследство", а насловено како "Музејот ве посетува вас" со цел да се мотивира публиката да го посети овој музеј кој се наоѓа во Старата турска чаршија. ...

Оваа акција е надоврзување на претходната "Знаеш ли каде е Музејот на Македонија", која започна во месец мај, по повод Ноќта на музеите.
-Со цел културното наследство да се приближи што повеќе до пошироката публика, Музејот ќе претстави дел од своите содржини на еден поинаков начин и на необичен простор, во исто време потсетувајќи ги граѓаните на Скопје на Феудалната Кула како значаен дел од недвижното културно наследство на нашиот град.

Овој објект беше одбран за презентацијата бидејќи соодветствува со овогодинашната тема на "Европските денови на културното наследство", велат од Музејот на Македонија.

Еве уверете се самите ... скоро цел текст од весникот Ви го пренесов ... само не и сликата ... која уште повеќе збунува ... Каде е манифестацијата ?? ... Во Музејот на Македонија или во Феудалната кула - на која Феудална кула ?? се мисли ... веројатно на онаа пред “Домот на армијата“ во Скопје ... кој е преуреден за презентација на Мајка Тереза ...

Го посетив сајтот на Музеј на Македонија ... надевајки се дека ке најдам детали за изложбата ... ама или јас не гледам или на сајтот нема таква информација ... Се прашувам зошто служат сајтови ако на нив не може да се најдат информации за активностите на матичната куќа ... Голем делови од сајтот се сеуште во фаза во изработка ... Сајтот сигурно не е црква да се прави неколку години ...

Ако некој ја знае точната локација на изложбата нека пише во коментар ... Самиот ке појдам на изложбата веројатно како што сватив од написот во Феудалната кула пред “Домот на армијата“ во Скопје ...

Едитирано ... Одкога го дознав вистинското место на случувањето а тоа е:

Сликата “http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/7/7c/Begova_kula.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Феудалната или Беговската кула е кула во центарот на СкопјеДомот на АРМ. Таа спаѓа во посебен вид станбена архитектура која истовремено служела и како одбранбен објект. во предворјето на

Заради одбранбениот карактер во долната зона има помал број прозорци и посебен вид отвори за пушки. Единствено на последниот кат има благо издадени балкони од дрво, т.н. теферичи. За греење на кулата биле направени две огништа сместени во ѕидовите на првиот и вториот кат. Третиот кат се затоплувал од оџаците кои поминувале низ него. Скалите кои водат низ кулата се сместени во дебелите камени ѕидови чија широчина изнесува 1,45м.

Изградена кон крајот на XVII век и во почетокот на XVIII век. Висока е 14 метри со квадратна основа 7,5м х 7,5м. Во почетокот на XX век била сопственост на скопското семејство Кулели. Денес во неа е сместена спомен собата на Мајка Тереза, родена во Скопје

- ФЕУДАЛНАТА КУЛА ВО СКОПЈЕ ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter