Search This Blog

Wednesday, September 26, 2007

Син или Керка ...

Мажите се полни со верба во себе воклоку првороденчето е машко ... А жените се полудени по своите синови ... Односот на снаата и свекрвата е во голема мерка зависен од љубомората која мајката ја има кога некоја друга жена ке го преземе во свои раце ... или нозе :) омилениот син ... Тоа е мит ... но во секој мит има помалку вистина ... Теоријата и праксата како да добиеш женско или машко дете се полни со совети ... незнам ако сакаш син корист ја оваа поза, во тоа време ... мисли на тоа и тоа кога водиш љубов ... Науката се замешала во оваа работа и во специфичен лабараториски процес ги двои сперматозоидите на машки и женски - па ја оплодува жената по нејзина/нивна желба ...

Мит меѓу народот е и дека женското дете е туѓа среќа - среќа на некоја друга куќа каде тоа покасно ке се пресели ...

Сметам дека ова се непотребни мешања во нешто што самата природа го регулира одлично ... Скоро е идеален бројот на мажите и жените ... со мала предност на женските деца ...

За крај една шега ... не е важно какво е детето - важно е да е машко ... :) :)

Лично подеднакво бев среќен кога имав и женско и машко дете ...

- Зависност од независтноста ... 8 Септември, 2007 ... Добра пародиа на тема син или керка ... Оксиморон браво ... ми личи на преставување на вистинска приказна ... многу блиска до тебе ... или се лажам ... :)

1 comment:

Unknown said...

Za segata da dodadam ili pak da kazam kako sto sum ja cula jas:Ne e vazno kakvo e deteto-vazno e da e ziv i zdrav!

Blog Archive

Site Meter