Search This Blog

Saturday, November 17, 2007

Трамвај во Скопје ... два километра ...

Што ли му се врти во главата на Гадоначалникот Костовски ... Најавува дека до крајот на неговиот мандат по секоја цена ке изгради два километра трамвај ... Боже чувај што ли бунца човеков ... На кого му треба два километра трамвај ??! ...

На темава пишував неколку пати:
- ТРАМВАЈ во Скопје му е мајката ...
- РИКША за Скопје му е мајката ...

Што ли мисли Костовски колку време ке се гради трамвајот во Скопје ... ако за Словенечка беа потребни десетина години (два километарски булевар ...) а за Илинденска троши три години само да ја испланира и сеуште не му е готов планот ... Да не спомнувам дека заглави и проектот за надвозникот кај Континетал ... Добро во меѓувреме ни покажа дека не заборавил да игра фанта ... успут често тресе и зелени ... Да не заборавам дека проектот за изградба на спортската сала комплетно го препушти на Владата ... Ич да не го спомнувам Градскиот парк и Зоолошката - кои полека ги претвара во приватен посед ...

Сите јавни претпријатија со кои управува Градот Скопје се загубари и тоа какви ... Најавува дека ГСП е пред банкрот ...

Костовски премногу се секира како ке ги потроши парите на граѓаните ... Ја обвини Владата дека ги има приграбено парите кои се неопходни да се финасира градот (делумно оправдано - бара да се исклучат селските територии од територијата на градот ... бара централизација на градската власт по принцип на Москва да речеме каде градот има своја Влада ...)

На крај да се вратам на темата на постот ... за трамвајот бара пари од ЕУ фондовите ... Лесно се трошат туѓи пари ... Како беше она приказната за врапчето на гранка ... не ја научил добро Градоначалникот ни ... Се нема добро завртено околу себе пред да се кандидатира за местото кое му е доверено ... се разбира на регуларни избори.

No comments:

Blog Archive

Site Meter