Search This Blog

Monday, November 19, 2007

Христијанството е на праг на повторно обединување ...

Делегации на Католичката и Православната црква имале состанок во Равена во Октомври и подпишале документ со 46 точки со кој се поставуваат темели на соединувањето на Католичката и Православната Црква - по расколот од 1054 година ... Ватиканската делегација ја предводел Кардиналот Валтер Каспер (председател на Папското тело за единство на Христијаните), а Митрополитот Јоанис Зизиоулас ја представувал делаегацијата на Константинопол ...

Во документот кој е подпишан во Равена е утврдено дека Папата е “прв меѓу еднаквите“ а Рим е “првото седиште“ ... Овие две точки беа и главни причини за расколот во 1054 година ... а сега би можеле да значат повторно обединување ... Се признава улогата на примат на римскиот Бискуп ... а месните бискупи се автономни ... На локално ниво власта е во раците на локалните Бискупи ... На регионалните собири се признава првенство ( protos на грчки ...) ...

Како и да е за мене е ова добра вест, но патот до обединувањето сигурно ке потрае долги години ... На самиот состанок во Равена имало напуштање на представниците на Руската Православна Црква - бидејки на состанокот присаствувале представниците на Православната Црква на Естонија - кои се одцепиле од Руската Црква со благослов на Констанитинопол ...

На сајтот кој го линкав погоре има интересни коментари ... Овој подоле посебно ми се допадна:
“...znaci nece vise biti dobrih krvavih vjerskih ratova izmedju hriscana ...“

Дека веста е важна покашува и Тајмс онлајн ...
Vatican joins historic talks to end 950-year rift with Orthodox church ...

Благодарност до еден блогер кој ми ги даде линквите за написов ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter