Search This Blog

Sunday, November 25, 2007

Лихвари на одстрел ...

Сликата “http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/0B72F1E6C323B349996E4C0360F0B67C.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Во Мк е опасно да земеш пари од лихвар ... Тие те врзуваат со “валидни папири“ (хипотеки ...) вешто срочени од правници ... Или невалидни закани по безбедноста на твојот живот и животот на твоите најмили ... Неколку пати имам слушнато кај Нотар прашање ... “Каков договор да направам за заемот кој го дадов ?“ ... “Може ли колата на заемопримателот - да ја земам како гаранција за заемот?“ ... Само да речеш дека сакаш пари на заем - парите пристигнуват ... но враќањето е тешко. И тогаш најпрвин добиваш ситни закани од лихварите ... па ќотек ... па заплажување по твојот живот ... за твоите блиски ... На крај често луѓето спасот го бараат во полицијата ... но некои посегнуваат по својот живот (самоубиство ...) а други на убиство на Лихварот ...

Досега во просек имаше повеќе самоубвиства заради земање на заем (вклучувајки и коцкарски долгови ...) и неможност истиот да се врати ... но во последно време се почест е случајот на убисво на Лихварот ... Се сеќавате на случајот од пред неколку месеци на убиството на Лихварот кој беше најден во гепек на една кола, на паркингот пред Александар Палас ...

Деновиве имаме слично такво убиство на дваица лихвари ... Стана опасно и Лихвар да бидеш ... Има една мудрост која вели ... кој со оружје се игра (со сабја де ...) од оружје (сабја ...) умира ... Така и лихварите ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter