Search This Blog

Monday, November 19, 2007

Патарина ... Стотина луѓе обвинети од полицијата за нелегално работење ...

Сликата “http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/EAE259043799D1478E4C61BD059D5B71.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Сите знаеме дека по патарините имаме корумпирани вработени - кои за да го добијат работното место плаќале дури и по 15.000 евра ... Парите брзо ги враќале со познатиот договор со шоферите “пола-пола“ ... пола за шоферот пола за вработениот на наплатната рампа. Дел од парите потоа оделе за шефовите кои им гледале низ прсти ... Владата во невидена акција до сега неколку месеца ги следела сите инвлвирани и од неделата навака почна да ги апси осумничените ... По некои информации инволвирани се над стотина луѓе ...

Сега е битно да се обезбедат валидни докази на суд и да се спроведе правилна судска постапка која ке заврши со соодветна пресуда ... Во спротивно ке имаме нешто што го видовме со обвинувањата за цариниците ... каде немаме судски разрешници ... и се ке се сведе на популистички потег на Владата - како што обвинува опозицијата за спектакуларните апсења пред камери ... Додуше и сега во овој случај имаме сликање ... Маскирани полицајци - како за терористички случаи ... Дали е тоа соодветно на случајов ... незнам ...

Сигурен сум дека е ова еден од советите на Маковеј ... Удирање по корумпираните вработени по патарините е прав чекор ... Некојпат беше најактуелно да работиш на бензинска пумпа (пумпаш...) а сега најдобро работно место е наплатувач на патарина ... барем беше ...

Сликата “http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/1017B1694BBA454EA591EA064924D27F.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

No comments:

Blog Archive

Site Meter