Search This Blog

Wednesday, November 28, 2007

Фото - Урбана блог герила ... Скопје ...

Комуналните проблеми кои ги имаме сите во градот ... не болат ... на сите ни сметаат ... Сите ги гледаме но одминуваме и си велиме има кој да се секира за тоа ... има кој е платен ... Во последните месеци секојпат шетам со фотоапаратот во раката. Фотографирам убави нешта кои ме опкружуваат но и разни детали кои се однесуваат на проблемите на урбаното живеење во Скопје.

Ги фотографирам скопските дупки на асгфалтот кои ужасно ми сметаат ... ги кршиме нашите коли а никој не одговара за тоа ... Отворените шахти ... Ги фотографирам секојдневните нови прокопи по улиците, кои предолго стојат незакрпени ... Ги фотографирам полните, преполните канти за смет ... Фотографирам запуштени локации во централното градско подрачје ... Руини кои го нарушуваат ликот на метрополата. Фотографирам и убави нешта кои попат ги среќавам ...

Што ми е идејата. Одавна приметив дека има и други блогери кои го прават истото. Со овој напис покренувам незванично движење кое јас во мојата глава го крстив “Фото - Урбана блог герила ... Скопје ...“ (називот може и да го смениме). Ова движење би се занимавало со фото документирање на комуналните проблеми на градот ... Објавувајки го на пост, секој на својот блог, би се обраќале на јавноста а воедно на надлежните дека проблемот постои. Сите блогери кои би се вклучиле во оваа акција би го реобјавувале на своите блогови (секако линкајки го изворниот блог). Вака умрежени тврдам дека ке успееме да решиме многу од комуналните проблеми, кои ни бодат очи секојдневно.

Оној кој нема фото апарат а сака да се вклучи во движењето - нека напише пост каде ке го појасни проблемот и ке ја наведе локацијата ... а ние останатите кои сме расположени и имаме фотоапарати би го фото документирале проблемот ...

Па повелете вклучите се. За оваа идеја муабетев со Зомбификација - кој ова прилично успешно го прави на својот блог. Се сложи со идејата и рече да седнеме на кафе муабет да ја развиеме идејата. Но еве јас го прекршив договорот и одлучив вака преку постов да ја промовирам идејата ...

Прв напис од ваков карактер е предходниот пост каде ја опишувам чекалната во Владата ни ... За таков напис го сметам и постот на Герсанина плакат - абортус ...

Членови на иницијативата досега се:
- волан ...
- Зомбификација © ... Жарко Трајаноски ...
- Drugstore ... tunic ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter