Search This Blog

Wednesday, November 28, 2007

Владата вработува ...

Денеска бев во Владата на РМ. Поканет на кафе кај пријателот кој работи во Владата на РМ. Чекав како и сите други во просторијата за чекање десно во влезната врата. Со мене во истата просторија чекаа дваесетина кандидати кои биле повикани за интервју за работа во владата на разни места.

Осем што се осеќаше мирис од многу луѓе во една таква мала просторија ... бидејки чекав повеќе од 20 минути имав време убаво да ги погледам луѓето кои очекувајки го интервјуто различно раагираат ... некои беа нервозни ... на некои им се гледаше страшна трема ... трети нервозно цупкаа ... Им посакав на сите “да скршат нога“ ... Сите некако како да потекнуваа од онаа изгубена средна класа во РМ ... облечени во сосема вообичаена облека ... немаше наконтени ... со скапи мобилни ...

Владата со скоро 2 милијарди евра буџет е најголемиот работодавател во РМ ... Банките ги форсираат вработените во државната администрација ... за нив не е проблем да обезбедат кредит .... единствено тие се прифаќаат како жиранти ... Големото стопанство притиснато од транзицијата ... приватизацијата и неколкуте фази на ликвидациа на големите загубари се изгубија ги снема ... Нема веќе фирма со 10.000 вработени ... На времето ги имаше дваесетина ... Нема ни со 5000 ... Големите фирми кои бројат над иљада вработени се бројат на прсти од двете раце ... добро може претерувам ... но до бескрај е намален нивниот број ...

На малото стопанство никако да му тргне - во смсла да прераснува во големо и да биде покренувч на економските процеси ... (забегав...). Сега најчесто успешни се оние кои соработуваат во проектите на Владата.

Чекајки така во просторијата во која често чекаат и новинарите и фоторепортерите - ја забележав штедливоста на оваа Влада ... Излитен тепих ... искинати вариолајт завеси ... спуштениот плафон видно оштетен по краевите од водата која на некој начин влегнала внатре ...

И уште нешто - гледав како луѓето влегуваат и како ги поминуваат безбедносните мерки ... Иако има терминал како за пред влез на ајродром ... сепак чинам дека од општата гужва која се ствара во влезот од многу голем промет на луѓе - можни се евентуални пропусти (недај боже ...)

Почнав со врабортување а завршив со штедливоста и безбедноста ... Но што да правам чекајки - несакајки го анализирав настанот што се случуваше околу мене ...

Во контекст на вработувањето во моментов на крајот на увото слушам на ТВ - Владата вработува 200 помлади советници или асистенти ... не дослушнав добро ...

1 comment:

Anonymous said...

Procitav nekolku tvoi blogovi i ne mi e jasno sto baras vo blogosverata. Tolku nema koj da te slusa doma, megju prijatelite pa mora da go masiras internetov?

Blog Archive

Site Meter