Search This Blog

Saturday, November 17, 2007

Див запад ... во центарот на Скопје ...

Сликата “http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/EC0D790890A95343A9909FDE1C57C146.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Од последните воени судири на просторите на бивша ЈУ остана во употреба многу оружје во рацете на криминогените банди и организации ... Имателите на таквото оружје од Скопје направија Елдорадо ... Таквото оружје ако не се употребување за “свадби“ и други “прослави“ - се употребуваше за мафијашки пресметки низ МК особено присатни во Скопскиот и Тетовскиот регион ... За крвни одмазди ... За заплашување ... А во последно време засилено се употребува во оружени грабежи врз банки и пошти низ Скопје и МК ... За среќа до сега немаше жртви ... Често вакви криминогени групи брзо се трансформираат во “борци за човекови права“ ... Вчераутро се случи и првата жртва на вооружен грабеж - во пукотница како од времето на Ал капоне ... Al Capone ...

Во крвав грабеж на возило на Комерцијална банка кое превезувало пари, налик на оние од Чикаго во дваесеттите години од минатиот век, едно лице загина, а двајца се повредени. Вчераутро околу 7,30 часот на крстосницата од булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Беласица“, наспроти Скопскиот саем, се случувала вистинска драма. Преплашените очевидци раскажуваат дека група вооружени и маскирани лица, возејќи паралелно, се доближиле до возилото на Комерцијална и без предупредување пукале во него. Притоа го раниле возачот и двајца од обезбедувањето.

Колку што се сеќавам нема решен случај на вооружен грабеж ... Македонската полиција мора да направи систем за вакви случаи - кој ке доведува до разрешување на случаевите и фаќање на извршителите и организаторите и инспираторите на вакви крупни криминогени дела ...

Сликата “http://www.vest.com.mk/images/%7B2A504319-F88F-49D0-9392-F2CDE0EEB53A%7D_grabez-2.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

No comments:

Blog Archive

Site Meter