Search This Blog

Friday, December 07, 2007

Заем за вработување ... !!?

На неуспехот во полето на таканаречениот “Бранков закон“ на полето на вработувањето - оваа Влада промовира давање за заем (кредит) за самовработување од 3.000 евра, а ќе се финансираат проекти со најмногу пет работни места или најмногу до 15.000 евра. Рокот на враќање на средствата е три години и со една година грејс-период и еден отсто камата.

Корисникот треба да учествува најмалку со 30 отсто од вкупната вредност на проектот, како и да обезбеди гаранција за поврат на средствата во вид на хипотека или залог во двократен износ од одобрениот кредит или двајца жиранти.

Кредитите се наменети само за невработени лица, при што предност ќе имаат агробизнисот, занаетчиството, производството, трговијата, туризмот, угостителството итн.

Хмммм. Незнам изгледа примамливо ... но со ова изгледа како државата да решила да ги заменува инертните банки кои сакаат премногу да се обезбедат - кога даваат кредити ... Значи може да се самовработиш само ако имаш стан во сопственост па да дадеш залог ... Хммммммм ... Кој млад човек поседува стан - а младите се најневработени ...

Сево ова убаво звучи, но практички е неспроведливо ... Каматната стапка и гртејс периодот звучат сосема ОК ... Но гаранцијата и висината на максималниот износ не звучат баш ОК ... Што бизнис ке направиш за 3000 евра ??... Само регистрација на фирма е трошок од 500 евра ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter