Search This Blog

Monday, December 24, 2007

Стандарди ... јавен градски превоз ...

Исполнувањето на стандардите е нешто кое најбргу ке не доближи до посакуваната дестинација - ЕУ ... Тука набројав неколку главни стандарди кои ни се критериум за приближување во ЕУ интегративниот процес ...

Овдека сакам да зборувам за стандардите на јавниот градски превоз во главниот град на Република Македонија ...

Странец кога доаѓа во нашиот главен град (Скопје де ...), најпрвин се среќава со стандардите на пристанишната зграда на Аеродромот Скопје ... потоа со таксистите кои ке го дочекаат за да го превезат до Скопје ... и Градскиот превоз (јавниот ... автобусите и таксистите ...) ... Ке ги заборавев главната автобуска и Железничка станица ... Автобуската се доведе во некаков ред ... но на железничката се заборави ... не е реновирана од нејзиното настанување од пред 20 години ...

И сега за што да зборуваме ... За стандардите на аеродроската зграда во Петровец ... нејќам да коментриам под секаво ниво се ... нека се симне некој во ВЦ-то доле во подрумот ке се увери ... нека види како е додека чекаш во холот .... грми од вентилацијата како да си на писта ... може да зборуваш со тој до тебе само ако викаш ... Од банки таму има само автомати ...

За таксистите ... пак да не зборувам секави ги има ... од питоми до диви ... цената често е по договор ... те влечат за ракав да се качиш кај нив .... Бангладеш чиниш дека е ... а не ЕУ држава ...

Јавниот градски превоз повеќе ке го третирам ... Замислите странец реши да се вози со Градскиот превоз ни ... Прво што ке сака да купи е мапа на автобуските линии ... колку знам нема таква ... Второ што ке сака да знае каква е саатницата на пристигање на автобусите ...

Ај некако ке се качи во автобус - ке праша лево десно ... за среќа младите зборуваат англиски ... но кај да се симне ... никој не јавува во автобусот како се вика автобуската станица кога доаѓа до неа ... а на самите станици нема ознака како се вика станицата ...

Што ке смрзне во автобусот и не е некој проблем ... ке го греат бројните луѓе кои се возат по автобусите ни ... Но ако случајно застане позади автобусот кога ке се симне е тоа е проблем ... Три дена ке мириса на чад од издувните гасови ... Еко автобуси ??!! ... Сега ако е случајно инвалид ... е тоа е уште поголем проблем ... Ке мора да чека еден од вкупно трите автобуси ... кои имаат опрема за превоз на инвалиди ...

Му порачувам на Градоначалникот ни Костовскии (да не се секира за она кое не може да го реши ... колку пари толку музика ...) нека зирне во постот и барем неколку работи нека нотира:

- Да направи стандарди што треба се да исполни еден автобус или таксист за да добие лиценца ...
- Да изготви мапи на градот за јавниот градски превоз - кои бесплатно ке се делат кога ке купиш билет ...
- Да постави информативни табли на сите автобуски станици (постојки де ...) ... со ред на пристигање на автобусите ... секако и минимум настрешница ...

Да не се занесува со транвајот ... ке изградел два километри од него еј ... Нека го прави она за кое има пари ... Нека се вози до работа со јавен превоз за да види како им е на граѓаните ... немора секој ден ... но двапати месечно е доволно ... Тоа гадоначалникот на Њујорк редовно го прави ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter