Search This Blog

Monday, December 03, 2007

Формална демократија ... духот на масата ...

Сликата “http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/1501EE9D254A7D4884EB341DA369AF55.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Имаме ли ние демократија ... или се се сведува на она како што ке речат лидерите на партиите ... (поглаварите на племињата ...) т.е. како некој ке им шепне (во форма на “совет“ ...) на нашите лидери на партиите ...

Во петокот вечерта на повеќечасовна средба зад затворени врати Груевски, Шекеринска, Тачи и Ахмети, најпосле, си подадоа рака. Се договорија веќе денеска парламентот да почне да работи под полна пареа за да го надомести пропуштеното со цел земјава да ги подобри своите позиции пред претстојниот самит на НАТО во Букурешт кога очекуваме покана за членство во Алијансата.

Лидерите се договорија:
- како треба да изгледа законот за јавни обвинители
- сите закони поврзани со употреба на јазиците ќе се гласаат според Бадинтеровото правило,
- се договорија и за други работи што во изминатиот период беа кочница на политичките односи во земјава
.

Незнам зошто сега воопшто да се троши време во Парламентот - кога ТИЕ се договорија ... изгледа само од формални причини ...

Незнам дали ова да го ставам во рубликата добра вест ... бидејки конечно седнаа на иста маса и се договорија ...

Или да го ставам во рубликата лоша вест - бидејки ова е пораз на демократиата ... Јавно се признава дека нашата демократија е формална демократија ... дека некој од надвор ни ги носи најкрупните одлуки ... а партиите од власта се само извршители ...


No comments:

Blog Archive

Site Meter