Search This Blog

Monday, December 24, 2007

Ајмо локаци ... ајмо ...

Министерството за транспорт и врски на својата интернет страна огласува локации кои на јавно лицитирање ке бидат продадени во текот на идната година ...

- „Дел на викенд зона“ на Општина Крушево, на кое е предвидено да се изградат објекти за викенд домување и хотели ...

- Градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со: 1. Детален Урбанистички План за стопанска зона „Блокотехна“, на Општина Гевгелија, наменето за изградба на објекти за мало стопанство,

- Детален Урбанистички План за комплекс стопанство - с. Муртино, на Општина Струмица, наменето за изградба на стопански објекти - сервиси - магазини

- Детален Урбанистички План за станбена населба „Ушици 1 дел“, на Општина Битола, наменето за изградба на објекти за индивидуално домување

- Урбанистички план на село Калугерица, земјиштето е наменето за изградба објект за мало стопанство

- Детален Урбанистички План на Радовиш, наменето за изградба на стопански објекти

- Детален Урбанистички План „Капиштец“, e наменето за изградба на трговски центар.

- Езеро Младост во Велес, на кое е предвидено да се изградат објекти за домување.

**

Соопштенија :: 23.12.2007
Соопштение до јавноста

Почитувани,

Министерството за транспорт и врски Ве известува дека во насока на остварување на заложбите за зголемување на инвестициите и овозможување на економски раст на Република Македонија, распишани се повеќе објави за јавно наддавање за оттуѓување на градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија:

1. Објава за јавно наддавање за оттуѓување на градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, кое се наоѓа во Скопје, општина Центар, наменето за изградба на трговски центар, со вкупна површина од 385 м2 и почетна цена на јавното наддавање од 7.000 денари по метар квадратен.

Рокот за пријавување на јавното наддавање е 17.01.2008 година.

2. Објава за јавно наддавање за оттуѓување на градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, кое се наоѓа во општина Крушево, наменето за изградба на:

· хотели – 3 парцели, со почетна цена на јавното наддавање од 3.200 денари по метар квадратен и

· објекти за викенд домување – 36 парцели, со почетна цена на јавното наддавање од 600 денари по метар квадратен.

Рокот за пријавување на јавното наддавање е 22.01.2008 година.

3. Објава за јавно наддавање за оттуѓување на градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија кое се наоѓа во општина Велес, наменето за изградба на објекти за домување – 27 парцели, со почетна цена на јавното наддавање од 400 денари по метар квадратен.

Рокот за пријавување на јавното наддавање е 31.01.2008 година.

4. Објава за јавно наддавање за оттуѓување на градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, со намена:

· Мало стопанство, на територија на општина Гевгелија - 2 парцели, со почетна цена на јавното наддавање од 500 денари по метар квадратен,

· Стопански објекти, на територија на општина Струмица - 4 парцели, со почетна цена на јавното наддавање од 100 денари по метар квадратен и

· Индивидуално домување, на територија на општина Битола - 26 парцели, со почетна цена на јавното наддавање од 1.500 денари по метар квадратен.

Рокот за пријавување на јавното наддавање е 06.02.2008 година.

5. Објава за јавно наддавање за оттуѓување на градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, со намена:

· Мало стопанство, на територија на општина Радовиш - село Калуѓерица, со почетна цена од 150 денари по метар квадратен и

· Стопански објекти на територија на оштина Радовиш – 2 парцели, со почетна цена од 400 денари по метар квадратен.

Рокот за пријавување на јавното наддавање е 08.02.2008 година.

За жал нема директен линк на сајтот на министерството за транспорт ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter