Search This Blog

Monday, December 24, 2007

Зајчев Рид ... Елитен град ...

Високорезиденцијални домови со пространи дворови, два плоштада, амфитеатар, радио-телевизиски центар, поликлиника, хотели, училишта, улици со монтажни тротоари, како и првиот конгресен центар во Македонија ќе бидат сместени во новата елитна населба што ќе се гради на Зајчев Рид, зад Управата за хидрометеоролошки работи.

Според планот, кој советниците во Карпош го усвоија на последната седница, во новата населба, која ќе има површина од 150 хектари, ќе се влегува од четири места - преку клучката кај Момин Поток, од надвозник на патот кон Качаник, по булеварот Словенија и од потегот што води кон населбата Бардовци. Во него се вцртани вкупно 103 градежни парцели, од кои блоковите за домување ќе бидат згради со пет плус три ката и поткровје.

Едно од училиштата ќе биде наменето за децата на странските дипломати во земјава. Според Агенцијата за планирање на просторот, која го подготвила планот, евроамбасадорот Ерван Фуере лично замолил да се вцрта таков објект.

На највисоката точка на Зајчев Рид, која има надморска височина од 320 метри, ќе се постави резервоар за вода за потребите на месното население. Пешачката патека ќе води до амфитеатарот, од каде што ќе може да се види археолошкиот локалитет Скупи.

Новата населба ќе има и два центра во вид на плоштади, каде што ќе може да се постават споменици и скулптури. Покрај овие содржини, населбата ќе има и своја поликлиника, телевизија, конгресен центар со хотели и други објекти за сместување, една бензинска станица, автосалони, трафостаница, спортски објекти и црква што ќе се наоѓа на еден од плоштадите. - Новата населба на Зајчев Рид има капацитет од 24.000 до 28.000 жители и ќе се простира на земјиште што во најголем дел било државно, а дел и припаѓал на АРМ.

Gogle snimka - obelezena namalena skratena.jpg

Од топографскиот план на Скупи и од Гоогле мапата на Скупи ... се гледа импозантната големина на Скупи ... она што денеска го гледаме и она што се предпостаува дека го има на локалитетот ...

1.- Срцето на локалитетот Скупи ... од кое до сега светло на ден има само 1 процент од локалитетот ... а најграндиозна е главната учица која со широшина од осум метри со тротоари и со евидентна поврзаност со споредни улици ... импозантно ...
2.- Мене ми личи на Базилика ... има големи димензии ...
3.- Театарот - најголемиот антички театар во Македонија со капацитет од 9.000 публика ...
4.- Гробишта кои се добро уредени од локалното население ... но за жал се во средина локалитет ... и кога тогаш тие ке мора да се дислоцираат ... иако рака на срце за локални гробишта се сјајно уредени и оградени ...
5.- Огромно пространство од срцето на локалитетот кое археолошки воопшто не е пипнато ...
6.- Највисокиот врв на брдото - кое сега е окупирано со базна станица на Космофон ... Како ли доби дозвола за градба среде локалитет ... ??!!
7.- Ораница таква има и од другата страна на гробиштата ... карактеристично е што додека шетав низ неа полна е со крупна керамика и камен ... се гледа дека е обработуван од човечка рака ...
8.- Зашумен дел со едно специфично растение за нашиве краишта ... мириса силно кога ке скршиш гранка ... но расте во близина на извори ...
9.- Барака изградена од археолозите во која вршат “теренски ипитувања под сенка“ ... Одлично средена а во продолжетокот дури има и бавча со фолијско производство на зеленчук ...
10.- Сум го рипнал бројот ... :)
11.- Бараки од некаков сервис ...
12.- Старачки дом Бардовци ... изграден на сред локалитет ...
13.- Базилика со релативно големи димензии
14.- Западна некропола ...
15.- Раскрсница на која има Автосервис - со подигната кола на столб ...
16.- Разни објекти кои се веројатно приватни ...
17.- Дел од населбата Злокуќани ...
18.- Улица Ацо Шопов ...
19.- Улица према Бардовци ...

Ке има ли проблеми новата локација со еден од најголемите недиистражени археолошки локалитети во МК Скупи ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter