Search This Blog

Saturday, December 08, 2007

Старт на изградбата на старо-новиот театар ...

Сликата “http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/4240DA9866CDDE4C98D9C0D7286385B5.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

За обновата на симболите од старо Скопје ... и за враќање на душата на дел од старото Скопје пишував во СКОПЈЕ - ОБНОВУВАЊЕ НА СИМБОЛИТЕ ... Многумина се израдуваа на иницијативата на оваа Влада меѓу кои бев и јас ... Дел од МК граѓани не беа воодушевени од обновата на симболите - меѓу кои беа и дел од МК архитекти ... Но тоа е сега позади нас ...

Обновата на театарот беше стопирана одкако се увиде дека маркицата не одговара на габаритот на проектот ... и скоро година дена траеше процедурата за добвање на корегирана соодветна маркица ...

Завчера попладне од градот Скопје ја добивме дозволата за градба која се однесува на новата маркица за театарот со проширени димензии и дозволата за сообраќајно решение на просторот околу театарот, со што сите пречки беа отстранети и со градежните работи стартувавме веднаш“, вели државниот секретар во Министерството за култура, Елизабета Канчева Милевска.

Министерството за култура, додека се чекаше на новата маркица и дозвола за градба, беше искористена за завршување на сите останати работи и објава на тендери, со цел откако веќе ќе се почне со градбата да нема застои во работењето, бидејќи поголемиот дел од фирмите кои ќе учествуваат во изградбата се веќе познати.

Подигањето на карабината на театарот го врши фирмата „Бетон“ од Штип. „Според договорот карабината треба да биде готова во рок од 9 месеци, а во меѓувреме може паралелно да се работи и на поставување на инсталациите, бидејќи тендерите се завршени. По карабината и инсталациите следи работата на сценската техника и сите оние поестетски димензии“, вели Елизабета Канчева Милевска. Таа верува дека и покрај одолговлекувањето на подигањето на карабината, првично поставениот рок за изградба на театарот, до крајот на 2009 година, нема да биде пробиен.

Изградбата на театарот, според Милевска сигурно ќе чини над 6 милиони евра. „Тогаш најавените 6 милион евра се однесуваат само на архитектонскиот дел, а во оваа сума не се влезени средствата за сценска техника, механика и акустика... Буџетот за театарот сигурно ќе биде поголем“, вели Милевска.

Инаку, иако новиот МНТ екстериерно и ентериерно ќе наликува на стариот скопски театар, од технички и просторен аспект тој ќе биде осовремен. Театарот ќе има две сцени од кои главната театарска сала ќе биде со капацитет од 756 седишта, а малата алтернативна сала ќе има 236 седишта
.

No comments:

Blog Archive

Site Meter