Search This Blog

Thursday, December 20, 2007

“T-mobile“ - 100 бесплатни минути за викенд разговори ...

Мобилните оператори во борба за пазарот само нудат нешто ...

Денес на мојот постпејд бој на “T-mobile“ добив СМС порака:

“.. T-mobile Ви подарува 100 бесплатни минути за викенд разговори во текот на цел месец. Активирајте бесплатнома 070/142614. Среќни празници!.“

Фатен во замката на “бесплатно“ ... го замолив синот да ми ја активира бесплатната понуда ... Но T-mobile кога подарува е како и подарокот на данајците ... Но види чудо - од Данајците што дарови носат ... добив телефонска порака - дека ми се активирала услугата 100 денари 100 бесплатни минути (што секако не е беспари ...) ... Се разбира нема СМС порака, но автоматот така му соопштил на синот ... И сега што е овде активирано “бесплатно“ ... со платно било ...

Трчам на интернет страната на T-mobile ... и барем каде е опишана оваа услуга ... барам во ценовникот ... нема таква опција ...

100 минути за 100 денари е промотивна викенд понуда за сите регистрирани корисници на програмата Припејд +. Еве на што ме наведоа данајците што даваат “беспкатно“ ... а со платно било (поде*бавање де ...) ... Ова се вика заведувачко рекламирање ... Зошто да ми активираат ваква услуга - кога јас само сакав да ги добијам ветените 100 бесплатни минути ...

Со опростување, секој не еб*ава како сака а АЕК ке ми рече дајте пратите ми писмо, дрн дрн, па ке видиме по месец дена ке Ви одговорам ... а одговор никојпат нема да добиеш ...

Пробав да се јавам на телефонот за грижа за корисници 070 122 ... но тамо има само автомат - кој одговара само на она за што тој сака да ти одговори ... за останатото ке морам да идам кај згодните теткици во “T-mobile“ ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter