Search This Blog

Wednesday, January 23, 2008

Универзитет за Информатика ...

Сега слушнав на ТВ од излагањето почитуваниот заменик Министер за образование (во расправата по повод Законот за Високо образование ... комисија на собранието ...) ... дека Владата има намера да иницира т.е. да основа сосема нов Универзитет за информатика каде сите професори или скоро сите би биле од странство ...

Ова значи дека Владата не е задоволна од квалитетот на Факултетите во кои се изучува Информатика ... понатака не е задоволна од квалитетот на кадарот кој завршува на нашите сегашни факултети за информатика ...

Ке да биде проблемот на друго место ... Имено завршените студенти по информатика оние поквалитетните - веднаш бегаат во странство - примамени со високите плати и бенефити во понатамошното школување ... од друга страна на сите факултети за информатика неможе да се задржат млади асистенти по информатичките предмети ... Сакам да кажам, наместо да бараме квалитетни стручни кадри да дојдат од странство - да не дозволиме нашите квалитетни кадри да одат во странство ... како - едноставно, да им понудиме слични услови (плата - можност за усовршување ...) какви им се нудат во странство ... Само така со постепено зголемување на платите на професорите и асистентите ке ни остануваат нашите деца во својата земја ... а оние пак што ке дојдат, не верувам дека ке се поквалитетни од нашите што си одат ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter