Search This Blog

Tuesday, January 29, 2008

MRTube

JumpTV
МRT blog

Македонската радио и телевизија на својата интернет страна го рекламира новиот проект - MRTube ... значи луѓето се во тренд ... По отварањето на Блогот на МРТ ... и сериозно добриот сајт ... за што ги исфалив во мојт пост БЛОГ и САЈТ на МРТ ... сега еве ни приредиа уште еден добар проект MRTube .

Со ова луѓето во МРТ покажуваат - дека и покрај тешкотиите го разбираат новото време и потребите и предизвиците на имплементирање на трендовите на присутност на медиумите на Интернет ...

За проектот дознав преку постот на Струмјан за Најстариот Македонски блогер ... На прво гледање на прикажаните кратки видео записи - имам дојам дека политиката и политичарите се преприсутни ... особено оние од позицијата ... што е и нормално за медиум кој се финасира од буџет ...

Желба ... би сакал на ова место да видам кратки записи од богатата фоно, фото и видео библиотека на МРТ - во однос на културното наследство и историјата на Македонија ... тие се навистина бесценети ... би било добро да се двојазични на МК и на Англиски за да допринесат за сочувувањето и промовирањето на МК национален идентитет ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter