Search This Blog

Thursday, February 07, 2008

Лесно е да го родиш ... треба да го пораснеш

Сликата “http://www.karpos.gov.mk/graphics/vesti/slika151.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Читам денеска дека Загрижениот Градоначелник на Аеродром - оној што ке гради кули вавилонсти (од 160 ката во населбата ни ...) порачува дека ке засади нови 200 исушени дрвја во населбата ни ...

На сите нас - кои сме од постарата генерација ни е јасно дека лесно е да го родиш детето (добро на мајките може им е тешко ...) но дека вистинската грижа и уметност е во долгогодишното растење и воспитување на децата - додека не станат еден ден самите родители ...

Чинам дека поради преголема негрижа за засадените дрвја (скоро половина од засадените не се прифаќаат ...) се прават огромни трошоци за садење на нови ... Сакам да кажам дека - дрвото (младата фиданка) во првите неколку години додека не порасне доволно големо, да може само да пушти подлабок корен (самото да пие вода), мора некој да се грижи за него ... да му тури некоја кофа вода во сушните денови ... да го брани од малите деца кои играјки се низ парковите ги кршат младите фиданки ... Мојот предлог како да им помогнеме на младите фиданки - дрвја де, е во долниот напис ...

- Посвојување на - “Млади садници“
- Пример за успешна соработка помеѓу граѓаните и Општината

No comments:

Blog Archive

Site Meter