Search This Blog

Monday, March 10, 2008

Пази со кого ке се скараш ... инаку куќата зоља ке ти ја погоди ...

По “фингираниот“ воен конфликт во МК огромна количина на армијско оружје за противпешадиска и противтенковска одбрана остана во рацете на локалните криминалци - кои беа вклучени во редовите на “борците за човекови права ...“ (автоматско оружје, бомби, зољи, тешки пушкомитралези, снајперско оружје ...) ... Истите тие “борци“ од сите провинциенции лесно влегуваа и во редовите на специјалните полиции (нешто слично како и земунскиот клан ... но не во толкав обем ...)

Секако овие структури кои сега се парамилитарни одвреме навреме делуваат на своја рака и за своја цел ... Сигурно Ви се има случено на раскрсница, ваквите лица силеџиски да се однесуваат ... да не ја почитуваат сигнализацијата ... да имате чувство дека никој ништо не им може ... Дел од ваквите структури кои силеџиски се однесуваат имаме и во специјалните оддели на полицијата ... се сеќавате на случајот со полицајката која казни всок член на ДБК - па потоа беше самата казнета ...

Зборот ми е дека сеуште треба да внимаваме со кого влегуваме во конфликт ... бидејки “одмаздата“ може да биде поставување на бомби во вашиот двор ... какви случаи имавме во Прилеп ... или да и ја ракетираат куќата со зољи ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter