Search This Blog

Wednesday, March 19, 2008

„Република Македонија (Скопје)“

За овој предлог на Грција се расправало во МК парламент 1992 година ... но не бил прифатен ... сега е повторно на маса со уште други две имиња ... „Горна Република Македонија“, „Нова Република Македонија“ ...

Во последниот предлог на Нимиц во пропратниот дел било дозволено да се употребува Македонец и Македонско ... за пасошите не било спомнато ... но по мене се подразбира ако се смени името дека и во пасошот мора да се менува ...

Паролата на скопјани “Скопје држава“ ... може и ке се оствари :), бидејки поголем дел на стручната јавност како да го прифаќа предлогот „Република Македонија (Скопје)“ а еден од академиците вели дека и „Горна Република Македонија“ е во ред - бидејки одговара на стварноста и така низ историјата демек, често се крстел за овој дел од МК ...

На американците пак некако највеќе им се бендисувал предлогот „Нова Република Македонија“ ... Премногу шпекулации за така важно прашање ... обичниот народ е збунет и не може да му се тргне од главата ваквата манипулација со цел еден народ кој вековно го носи името Македонија ... Македонец ... Македонско ...

Но, на маса се големи влогови ... од една страна е поносот и идентитетот на Македонецот ... а од друга страна се безбедноста и економската иднина ...

Да се надеваме дека нашето раководство од позицијата и опозицијата ке снајде сили да го реши ова прашање така како што ке го реши ... бидејки тие во овој момент се легални представници на народот и ке ги сносат последиците сеедно каква одлука ке донесат ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter