Search This Blog

Saturday, March 15, 2008

Условна држава ... Кога слонови водат војна на одредена територија - таму ни трева не расте ...

Грција од тврдиот став дека не прифаќа во нашето име да стои зборот Македонија ... помина на име со додавки кои значат географска одредница ... и што е полошо во пропратниот текст условуваат дека немаме право да ги користиме зборовите Македонец и Македонско ... што директно го урива идентитетот ...

САД бара да прифатиме име со некаква додавка и така нели настанаа последните предлози од кои Грција одбра два а Македонија други два предлога ... а пропратниот текст не беше воопто прифатлив за Македонија ...

За да не се блокира приемот на Хрватска и на Албанија во НАТО, заради приемот на Македоија - најверојатно ке се оди со условен прием на МК во НАТО со обврска МК да го реши спорот со името со Грција во одредено време ... Значи ке станеме условна држава ... ке не условуваат сите Грците со Името .... Бугарите со јазикот и историјата ... Србите со Црквата ... а Албанците со територијални претензии ... Во оваа политичка магла низ Македонија ке царуваат странските дипломати кои стално некого ке мират ... си најдоа податна територија каде ке се судираат интересите на САД ... ЕУ и Русија ... а зошто не и Кина ...

Кога слонови водат војна на одредена територија - таму ни трева не расте ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter