Search This Blog

Wednesday, April 23, 2008

Имаше или немаше вето ... пренесување на тежиштето во ООН ...

Овие денови сведоци сме на преписки на нашиот и грчкиот Председател со Претседателот на ООН господинот Бан Ки-Мун ... Нашиот Претседател како што веќе пишав во постот - Пртетседателот Црвенковски заработи уште еден поен кај обичниот Македонец ... испрати писмо до Обединетите Нации - до Бан Ки-Мун. ... каде го моли Бан Ки-Мун да ги извести членките на Советот за безбедност дека Грција грубо ја прекршила Времената спогодба (член 11) - користејки вето за приемот на РМ во НАТО ... иако со Времената спогодба се има обврзано дека нема да го попречува приемот на РМ во меѓународни организации ...

Испадна дека вакво писмо Караманлис упатил до господинот Бан Ки-Мун ден два пред писмото на Предсетателот Црвенковски ... каде Караманлис велел дека не ставил вето за прием на Македонија во НАТО ... Се прашувам зошто имал потреба да пишува вакво писмо ?? ... што го предизвикало ?? ... верувам дека се готви некакво сценарио ... во догледно време ова прашање ке се врати во Советот за безбедност на ООН ... каде би се донело некое ново решение за спорот ... Америте знаат да работат и брзо но секојпат со добро подготвен план за подршка на своите сателити во ООН ... Дали е ова најавуваната од мене парада која во сценарио на САД дипломатијата ке се случи во ООН ...

- Америте силно ја притискаат и Грција ...
- Грција ја изгуби битката за нашето име ...
- Како политичарите во Грција ке успеат да им го продадат нашето име на своите избирачи ...

Да, ке заборавив и Владата почна да дува во исто едро со Председателот Црвенковски ... велејки дека сеедно дали тоа се нарекувало вето или не ... бидејки Македонија не влезе во НАТО поради попречување и противење од Грција ... што е строго во спротивност на Времената спогодбе - во која се вели дека Грција нема да ја попречува РМ (ФИРОМ - де ...) во интегрирање во меѓународни организации и асоцијации ...

Груевски упати и писмо до Буш каде ја изрази својата посветеност за брзо решавање на спорот со Грција ... секако и се заблагодари на подршката на САД ... значиова е личното ветување на Груевски кон Буш ... кое сега го имаме и во писмена форама и гласи посветеност за брзо решавање на спорот со Грција ...

Америте мора да ја казнат Грција за противењето на политиката на САД ... инаку вакви и слични противења од помали играчи како што сепак е Грција - ке и нанесат огромна штета на доминацијата на САД политиката во светските процеси ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter