Search This Blog

Monday, April 21, 2008

“Латасовизија“ ...

Латас преку својата Латасовизија ... ТВ Сител де ... и весникот Вечер ... е убеден дека ВМРО-ДПМНЕ убедливо ке ги добие изборите ... што би рекол Б.Ц. во една поранешна прилика за едни други избори “...ке ги смачка како шлепер жаба ...“

Ова свое убедување толку провидно го продава во своите медиуми ... во стилот на “...огледалце огледалце мое кажи на светот најубав кој е ...“... Чинам дека ваквото продавање на вистината преку “Латасовизија“ ... скапо ке го чини ВМРО-ДПМНЕ ... бидејки ако паднеш од толку високо ептен ке боли ... затоа ги советувам ВМРО-ДПМНЕ да го спуштат Латас малку на земја ... или мислат дека народот е толку малоумен па ке верува во “анализите“ на Латас ...

Сите се подсмеваат на начинот на кој Латрас ги гледа работите ... со таква убеденост зборува ... се прашувам каде ке се сокрие ако недајбоже по него изгуби ВМРО-ДПМНЕ ... вероватно тогаш ке ја дувне од тука ... така најави кај бурекчијата ... демек тогаш кога тој ке ја дувне од тука значи дека е крај за Македонија ...

Латас го ценам како новинар кој долго трае и неоспорно има свои квалитети ... но имам осеќај дека почнува да зајдува ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter