Search This Blog

Tuesday, May 13, 2008

Ставревски во вестите на Сител ... “скриена реклама“ ...

Од целата влада на Груевски мојата почит ја давам за Зоран Ставревски, вицепремиер задолжен за економски прашања ... Човекот е верна сенка, деловен и личен пријател на Никола Груевски уште од министерувањето на Груевски во владата на Георгиевски ... Ставревски како непартиски кадар влезе во владата на Груевски ... оставајки го своето работно место во Светска банка ... веројатно му било чест и привилегија да работи за Македонија ...

Иако СДСМ му даде прекор “мистер тендер“, заради неговото перманентно учество во главните тендери ... но највеќе заради скандалозниот случај за продажба на термоелектраната во Неготино т.е. би рекол обид за продажба ... друг гаф/афера е обидот да не извести дека издејствувал согласност од ЕУ за законот за енергетика ... за други гафови/афери искрајно не се сеќавам ... без разлика на афериве мојата оценака за неговата добра работа во Владата на Груевски е сеуште висока ...

Човекот во струката си е топ ... и мислам дека секој би сакал да го има во неговиот тим ... туку друго ми беше муабетот ... денеска го гледав Ставревски во вестите на Сител во ударен термин на вестите имаше интервју од десетина минути каде му беше дадена можност да зборува за програмата на ВМРО-ДПМНЕ ... јас тоа би го рекол “скриена реклама“ ... поим кој го знаат оние кои работат спотови ... Добро ова не го измисли ВМРО-ДПМНЕ, Ставревски и Сител ... ова е неизбежно во сите избори кога власта има “поволно“ место во изборниот процес и можност бесплатно да се рекламира ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter