Search This Blog

Friday, June 13, 2008

Петок 13-ти ... Friday the 13th ...

Денеска е петок 13-ти ... баксуз ден ... многумина го нарекуваат и “црн петок“ ... во текот на историјата на човештвото луѓето на петок 13-ти му припишуваат ѓаволска моќ на лошата судбина ... Се верува дека ова суеверје има длабоки корени во многу настани кои се случувале вообичаено во петок на 13-ти ... заради сето ова многу суеверни луѓе не прават ништо на петок 13-ти ... не летаат со авиони ... Стравот од петок 13-ти е толку раширен што има и свој назив - параскевидекатриафобија - Симптомите опфаќаат од блага напнатост до вистински напади на паника, кои луѓето можат да ги натераат да го променат дневниот распоред или воопшто да не одат на работа ...

читај повеќе »

  • Ева во рајот го измамила Адам со јаболкото токму во петок
  • на тајната вечера присуствувале 13 луѓе — Исус и 12-те апостоли ... Јуда, апостолот кој го предал Исус, бил 13-ти гостин на последната вечера
  • Исус Христос бил распнат во петок 13-ти
  • Каин го убил Авел
  • во петок на 13-ти се случила библиската поплава
  • Бог на петок 13-ти ги измешал јазиците на Вавилонската кула
  • на 13 октомври 1307 година, францускиот крал Филип Четврти наредил да се уапсат и погубат водачот на темпларскиот ред Жак де Молеј и шеесетина негови најблиски приврзаници
  • во древен Рим магионичарите се собирале во групи од по 12 луѓе. Се верувало дека тринаесетиот во групата бил самиот ѓавол
  • според нумеролозите бројката 13 „страда“ поради неговата позиција по 12. Така на пример постојат 12 месеци во годината, 12 хороскопски знаци, 12 богови на Олимп, 12 племиња на Израел, 12 апостоли на Исус. Во картите Тарот 13-ата е картата на смртта.
  • на 13 април 1970 година експлозија на кислороден резервар ги променува плановите на Аполо 13 за лет кон Месечината. Часот на поаѓање на Аполо 13 е 13:13 американско време.
Заради сето ова имаме и ваква практика кај луѓето:
  • повеќе од 80% од високите згради немаат 13ти кат
  • авиони го пропуштаат својот лет на 13ти, посебно во петок
  • во Формула 1 на пример не постои болид со бројот 13
  • во многу држави овој ден е прогласен како ден на лоша среќа ... English, French, Austria, Germany, Estonia, Finland, The Netherlands, Belgium, Republic of Ireland, Poland, Bulgaria, Denmark, Iceland, Sweden, Norway, Czech Republic, Slovakia, Slovenia, Hungary, Greece, Romania,
Има и други верувања:
  • дека е тоа сосема нормален ден каде по петок 13-ти, едноставно следува сабота 14-ти ...
  • оние кои се родени на ваков ден - истиот го змеќаваат за среќен ...
  • многу глумци потпишуваат договори исклучиво во петок ...
  • "лекот" за оваа фобија е мошне едноставен: потребно е сопствените мисли од негативното подрачје да се "преселат" во позитивно. "Ако долго размислувате за нешто, вашите размислувања ќе се претворат во чувства. Вашите чувства ќе влијаат на се што правите. А тоа што го правите ве формира како личност"
  • среќните луѓе имаат обичај да практикуваат некакви празноверни ритуали, кои би требало да им донесат среќа, како чукање во дрво, носење на амајлија или држење на палците

Овој ден многумна го смеќаваат за одлична промоција на културни случувања кои се поврзуваат со петок 13-ти ... така и кај нас денеска ке се случи драмска представа „Дракула“ на Срѓан Јаниќиевиќ - во МНТ ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter