Search This Blog

Thursday, June 05, 2008

Европско фудбалско првенство 2008 ... задутре ... кој е фаворит ... ??!

Задутре почнува европско првенство кое ке се одржи во Швајцарија и Австија ... Избориве ме пореметија малку во пратењето на спортските случувања ... Фудбал е најомилениот спорт меѓу европските мажи ... жените во време на европско и светско првенство имаат посебен ритам или им се придружуваат на мажите или наоѓаат дуга работа/забава ... но за жените подоцна ...

читај повеќе »

Ги гладав групиве и екипите кои учествуваат на првенството ... Иако без Англија првенството е помалку интересно - сепак ова ке биде празник на фудбалот ... Се прашувам кој е фаворит по групите и воопшто на целото првенство ...

Јас би ги издвоил Portugal , Germany , France , Italy и Spain ...

Сега да се вратам кај жените, девојките кои не се баш љубители на фудбалската топка ... што им се предлага на нив ... како подобро да го поминат времето додека мажите гледаат фудбал и се налеваат со пиво ...

Вест има одличен напис за тоа - Што да прават за време на Европското Првенство ... ке направам извадоци од нивниот денешен напис:

  • Шопингот нека ве направи среќни
  • Разубавете се
  • Со пријателките на трач муабет
  • Шетајте ги децата или домашните миленичиња
  • Спортувајте
  • Купете му подарок на партнерот
  • Отидете во секси шоп
  • Одете на кино
  • Исчистете, исперете, испеглајте

Еве и неколку препораки што не треба да правите додека мажите гледаат фудбал:

  • Ако вашиот сопруг гледа дома фудбал, не му се маткајте наоколу.
  • Не прашувајте што за ручек и не го заморувајте со непотребни прашања.
  • Не изнудувајте секс, иако тоа може да се направи кога е полувремето.
  • Не се трудете да му угодувате.
  • Не го провоцирајте.

Уште неколку корисни совети:

  • Ако не гледате фудбал, најдоброто решение е да излезете од дома.
  • Ако тој викнал пријатели, тогаш пред тие да дојдат, извадете ја закуската на маса, припремете им се што е потребно, и отидете си кај комшивката на кафе, но само ако и кај нејзе не се гледа фудбал.
  • Жени што гледате фудбал, уживајте машки!

No comments:

Blog Archive

Site Meter