Search This Blog

Thursday, June 26, 2008

9 Јули и името ... глобализација ... дали сме среќни ..

Поминаа 18 години на самостојна Македонија ... проблемите се исти како пред 18 години ... се сменија на власт неколку гаритури на политичари од повеќе политички партии ... не ги решија основните проблеми ... а ветуваа дека ке ги решат ...

читај повеќе »

Груевски побара мандат од народот за “триумфално мнозинство“, за да може да ги реши основните проблеми - па и проблемот со името ... стоте чекора станаа негова Библија ... народот во огромно мнозинство изрази доверба и му даде шанса на Груевски и неговата партија да ги реши проблемите, оние крупните ... ке има врзани 6 години на власт и нема да има пречки да ја оствари програмата ... опозицијата ке ја прати на плажите во Грција ... верувам дека и идната година на локалните и председателските избори ке победи истата партија ... тогаш власта ке биде апсолутна ... до тогаш ке ги исфрли од игра и новинарите, оние кои му смеќаваат ... ке ги смени сите судии кои не ги научиле новите песни ... сите ке “пееме“ во ист глас ... но тоа нема да бие вечно и 4 наредни години поминуваат ... народот дава, но народот и зема ... ако не почнат да се решаваат вистинските проблеми и Груевски ке замине во историјата како човек кој имаше шанса да реши “големи и нерешливи проблеми“ - но не ги реши проблемите на народот - туку личните и партијските проблеми ... такви случаи имаме со минатите групи на наши политичари кои беа на власт - но не ги решаваа проблемите ... се извлекоа на страна и сега ни се смешкаат од соседни блиски и подалечни држави ... си бркаат работа ...

За две неделки ке дојде и 9 Јули ... проблемот нема да се реши до тогаш ... се прашувам зошто би го решавале проблемот америте, кога ни ние ни грците немаме воља проблемот да се реши ... Грците со отворениот проблем не држат во шах/мат-пат позиција ... сакаат што поефтино да не купат ... а ние преку тој проблем ги изживуваме последните години на решавање на “големите национални прашања“ ...

Сите забораваме дека моментално ја живееме ерата на глобализмот и сакале или нејќеле таа и нас ке не зафати ... најпрвин ке изумрат малите народи и нивните јазици ... па постепено и оние поголемите ... поради технолошката зависност за “XY“ години ке имаме доминацијата на неколку јазикака ... културата ке биде светска и локална ... ке паднат и границите кои и така се вештачки творби ... луѓето како и птиците ке бидат дефинитивно слободни - да се движат по слободна воља ... ке остане потербата да се зачуваат во меморија спомените на културите и историјата на одделни подрачја ...

Затоа за “XY“ години сите ке се чудиме - како сме биле глупави ... толку големо внмание сме давале на решавање на “крупните национални прашања - на идентитетот“ ... сме ги потиснувале по страна егзистенционалните прашања ... вработување, стандард ... квалитет на живеење ... процент на сиромаштија ... подобро школство и здравство ...

И денеска веќе имаме луѓе на кои не им е важно каде и во која држава ке работат ... туку им е важно дали за парите што ке ги добијат ке успеат да имааат просперитет за себе и својата фамилија ... тие таму зборуваат на други јазици - но се среќни ... ние овдека ја имаме Македонија за тактковина, го зборуваме слободно МК јазик, го дишеме воздухот на нашите прадедовци ... имаме суверена власт ... но сме несреќни бидејки немаме доволно добри услови да ги решиме егзистенционалните проблеми на денешниот човек ...

Кој ме сфати свати - кој не веројатно ке ме критикува ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter