Search This Blog

Thursday, July 31, 2008

Пензиите ...Новинарите пишуваат она - што им го соопшти владата ...

Деновиве се актуелни пензиите ... владата а никој друг ги покачи и тоа на првата седница на новата Влада на Груевски ... истрчаа сите министри за декор позади Груевски ... Груевски прочита Владата одлучи да ги зголеми пензиите ... и уште неколку реченици и толку првиот прес заврши ... наменски/тематски бил ... иако запрашан Груевски не ги удостои новинарите да им одговори на прашањата ... па и тие каде нашле среде лето да прашуваат - ке пишуваат оно што им го соопштува владата ...

читај повеќе »

Пензионерите се категорија на граѓани кои најревносно излегуваат на избори и отука секоја политичка партија која е на власт или опозиција се грижи за пензионерите и често им се обраќа ...

  • Владата како некни едвај чека да се покачат пензите и да истрчаат и да речат еве ние мислиме на вас и на вашата тешка ситуација ... Ви ги покачуваме пензиите ... со секое покачување на пензијата владата ја пегла и социјалната неправда на големите разлики во пензиите ...
  • Опозицијата секојпат вели: џабе се покачени пензиите кога инфлацијата е десет проценти а пензиите се покачени за осум ... реално со вашите пензии можете да купите за два проценти помалку производи во маркетите ... да не зборуваме што цела пензија нема да Ви стигне само за потрошувачката кочничка од 12.000 денари (храна и пијалоци ...), па вели, а аде се комуналиите, па за внучињата нешто , па за бања малку ...
  • По изборите ако се смени власта песните се исти - само пејачите се различни ... позицијата ке се фали ... опозицијата ке напаѓа ... вечно исто ... но пензионерите ке има што да муабетат на клупа пред зграда или во блискиот парк ... додека маваат карти, табла, домино ... кибицираат ...

Еве како медиумите ја пренесуваат веста за пензиите:

Да не ширам понатака ... се гледа кој новинар, уредник која позиција застапува, уште по насловот ... само ке заклучам дека пензионерите со тоа што редовно и комплетно излегуваат на гласање секојпат имаат максимално влијание и кај позицијата и кај опозицијата ... тоа докажува дека на гласање треба да се излегува ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter