Search This Blog

Thursday, July 31, 2008

Платите ...

Нивото на платите се одраз на понудата и побарувачката на работна сила ... колку проста но вистинита дефиниција ...Во светот луѓето живеат од платите но не сум сигурен дека таа дефиниција важи и за нашиот систем каде просечната плата едвај ја покрива потрошувачката кошничка ... за другите издатоци, комунилии и останати задоволства нема ... и тогаш е она наше познато снаоѓање ...

читај повеќе »

  • со додатни приходи,
  • со прекувремена работа,
  • со работа на некоја блиска бавча ... десет комшии од мојата зграда на пример имаат дива бавча покрај Вардар ... со набиена пумпа ... се снаоѓаат луѓето - платата не им стига ...
  • со примање/давање на мито и корупција ...

Каде е решението на овој проблем ... се разбира оние дејности кои работат во стопанството тие ке ја формираат платата према пазарните услови на понудата и побарувашката на работна сила ... но, само со плата над минимумот за кој синдикатите мора да се изборат ... а минимумот несмее да биде под нивото на потрошувачката кошничка ... те. мора да биде барем 50 процентни поголем ... така да ако земеме дека потрошувачката кошничка е од ниво на 200 евра .. минималната плата за 42 часовна работна недела мора да биде 300 евра ... и ке се покачува/нивелира со порастот на потрошувачката кошничка ... и ова е многу прост но за тоа синдикатот мора да се избори ... но кој синдикат ... сигурно не оној кој така лесно дозволува да секојдневно да се намалуваат работничките права ...

Втора работа е кога државата се јавува како работодавец ... Државата несмее да вработува луѓе кои со својата плата се веднаш социјални случаи ... тоа е понижување на своите граѓани ... значи државната администрација мора да има плата далеку над вредноста на потрошувачката кошничка ... платите на администрацијата мора да растат ... ке речете - од каде ... државата мора да ја намалува администрацијата со паралелно подигање на нејзиниот квалитет и ефикасноста ... тоа е формулата ... несфатливи се малите плати на највисоните раководители:Премиерот, Председателот, Министрите и така натаму ... не ги знам висините но не се многу повеќе од 2000 евра месечно ... ако се тие такви (ниски), какви ли се на најниските слоеви во администрацијата , во судството, школството, здравството, полицијата, одбраната ...

Како сево ова да се усогласи ... да немаме претерано раслојување на луѓето ... многу е просто - со правична/правична распределба на националниот доход, преку спроведување на целосна контрола на приходите и расходите ... со моќниот апарат на ДДВ машината ... каде сите фамилии ке станат ДДВ обврзници како што е и секоја фирма ДДВ обврзник ... фамилија = фирма ... тоа е формулата ... тогаш фамилијарните фирми - кога купуваат секојпат ке земаат фискална сметка и ке бидат најголеми контролори на фискализацијата ...

На крај на годината ке се прави завршен резултат на секоја фамилија како и на фирмите ... оние кои имаат повеќе приход од расходи ке плаќаат додатен данок ... и тоа скалесто ... оние кои имаат премалку приходи во однос на расходите ке им следува социјален додаток, до нивото колку може државата во моментот да го доплати (завиисно од степенот на развојот на економијата на државата ...)

Така ке имаме ем капиталистичка ем социјална држава, таква како во скандинавските земји - но со наше ниво на степенот на економскиот развој ... колку побргу почнеме да ја применуваме оваа формула толку побргу ке му тргне на македонецот во сите сфери ...

Оваа приказна ја верглам веќе повеќе од две години но ке бидам упорен, верувам дека некоја од поголемите партии - кога тогаш ке ја вгради во својата економска програм ... до тогаш ке остане само приказна ... се надевам дека нивото на пишаното е спуштено за да го разберат сите ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter