Search This Blog

Thursday, July 24, 2008

Шекеринска пред оземање на пратеничкиот имунитет ... за слободата на трите/четирте власти ...

Поради непочитување на третата власт - судската ... на база на писмото од Судскиот совет до Собрането - во кое се бара симнување на пратеничкиот имунитет на Шекеринска ... за да може да се поднесе кривична пријава против неа - поради, организирањето на протести пред судот (вршење на политички притисок врз судот ...) и обидот насилно да се влезе во судот ...

читај повеќе »

За сето ова повеќе во написот на Вечер ... Има основ на Шекеринска да и се одземе мандатот заради предводење насилни протести пред Суд! ...

Во Македонија према уставот имаме тојство на власта ... Законодавна, извршна и судска ... Сите три власти би требало да имаат автономија во одлучувањето ...

  • прашање за расправа е дали имаме независно судство ... во услови кога судиите и судските органи и тела се бираат од политичките партии на власт (последното беше со изборот на председателот на Врховнииот суд ...), преку разни облици на директно и индирекно одлучување ...
  • дали имаме независна законодавна власт, во услови кога за да се изгласа закон на МК Парламент му требаат две минути ... т.е. кога за еден ден се носат 60 закони ...
  • да не ја заборавиме локалната власт, која е просто финасиски зависна од извршната ...
Се чини дека поделбата на власта од нашиот Устав е само теоретска ... практично сите конци се влечат од извршната власт ... Претседателот е нели само англиска кралица ... Ова може да се промени само преку промена на демократските процедури ... Што се однесува до евентуалното симнување на пратеничкиот имунитет на Шекеринска ... ако дојде до тоа тоа само ке ја врати во живот - веќе мртвата политичка кариера на Шекеринска ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter