Search This Blog

Friday, July 25, 2008

Намалување на работничките права - по итна и скратена постапка ...

Некаде по блоговите приметив пост или коментар на темата дека владата во овие закони кои ги носи под итна, брза и скратена постапка, вчера протурка измени на Закон за Работни односи ... со измените се кратат работнички права ...

читај повеќе »

  • Работодавците веќе немаат обврска да им исплатат отштета и заостанати придонеси на работниците што ги отпуштиле, а судот потоа ги вратил на работа.
  • ако работникот не сака да се врати на работното место, нема да добие ништо.
  • работниците што не ги искористиле сите денови од годишниот одмор не може да побараат паричен надомест за нив.
  • договорите за вработување на определено време да се продолжат од четири на пет години.
  • право на годишен одмор се стекнува по шест месеци од основањето работен однос сега важи само за тие што првпат добиваат вработување.
  • Според Синдикатот, Законот е сменет во итна и нетранспарентна постапка, без да бидат консултирани синдикалците и работодавците.
Нормално е десничарска влада да крати работнички права ... но тоа не ни го ветија на изборите ... или ова го има во еден од стоте чекори а јас не сум го приметил ... ке има ли некој закон што ке го донесе оваа влада во целокупна, а не скратена постапка ... еве на пример овој за работничките права - зошто се носи по итна и скратена постапка, толку ли и се брза на владата да ги скрати работничките права ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter