Search This Blog

Saturday, July 12, 2008

Сиромаштијата во МК низ најнови статистичките бројки ...

„ Како сиромашни се сметаат лица, семејства и групи на лица чии ресурси се на такво ниво кое ги исклучува од минимално прифатливиот начин на живеење во земјата во која живеат“ ... вака се дефинира сиромаштијата према “Еуростат“ ...

читај повеќе »

“ Линијата на сиромаштија е дефинирана како ниво на животен стандард, што треба да се достигне за едно лице/домаќинство да не биде класифицирано како сиромашно“ ...

- Релативна линија на сиромаштија - релативен стандард на опстојување определен како неопходно ниво на трошоци;
- Субјективна линија на сиромаштија - субјективен стандард на опстојување врз база на мислењата изразени од целата популација за нивото на приходите неопходни за да се одбегне сиромаштијата.

Истражување за процентот на сиромаштија во МК по методите на “Еуростат“ ... ги направи нашиот Државен завод за статистика ... според кое истражување

  • 29,4% од македонците се во групата на сиромаштија или 650.000 жители ...
  • невработените се најзастапена група во сиромаштијата ...
  • најнеобразованите се и најсиромашни ...
  • сиромаштијата се зголемува правопропорционално со бројот на децата во семејството ...
  • најсиромашни се луѓето помеѓу 40 и 60 години ...
  • убавата вест (ако може така да се каже ...) е дека во однос на минатата година се намалил процентот на сиромашни лица за 0,4%.
  • домаќинствата мислат дека се неопходни 30.000 денари (500 евра за да се покријат трошоците на живот ...)

No comments:

Blog Archive

Site Meter