Search This Blog

Friday, July 18, 2008

Ке се грееме ли повторно на дрва и јаглен ...

Поскапувањето на парното за 60 проценти ... скоро сигурното поскапување на струјата по нова година ... изгор цените на нафтените деривати ... наведуваат на тоа дека ке мора повторно да се грееме на дрва ... барем оние со поплитките џебови ... башка дрвата не се увозни домашни се ... така ке влеземе и во кампањата на нашата влада “Купувајте домашни производи“ ...

читај повеќе »

Ке го сецкам ке го рецкам и шупче ке го ставам ... ова за да се навикнеме ... барем оние со помали домашни буџети ... во зградата каде живеам веќе неколку години дел се грејат на струја со индивидуално парно а дел веќе од порано користат дрва ... по куќите во населбите греењето на дрва никојпат и не престанало ...

  • Цената на букови дрва во складиштата се движат од 2000 до 2200 денари за метар кубен, а дабовите се нешто поскапи.
  • Со дрва се снабдени и трите скопски стоваришта во Петровец, Драчево и Бит Пазар, на шумското стопанство "Караџица ... Букови дрва има доволно и тие се продаваат по цена од 1.965 денари за кубик. Дабот годинава може да се набави исклучиво преку синдикалните организации, бидејќи количините се ограничени. Тие се продаваат по 2.080 денари за кубик. Ова се цените ако дрвата се земат од самото складиште, додека за превоз се наплатува уште по 150 денари од кубик
  • Во стовариштето на "Јасен", пак, букови дрва чинат 2.200 денари, додека дабови како и брикети нема. Во цената е вклучен и превоз до дома.
  • Во складиштата на Макпетрол со години наназад се држат само брикети чија цена е 8.000 за тон.
  • Само брикети и тоа по цена од 7.500 денари има и во магацините на Огражден.

No comments:

Blog Archive

Site Meter