Search This Blog

Monday, August 04, 2008

Колку странски компании не дојдоа заради невлегувањето во НАТО ... дали е мамецот доволно добар ...

Странските инвестиции беа и сеуште се една од главните окосници на владата на Груевски и онаа двегодишната и оваа сегашната ... Пред година ипол пишав пост - СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ - трската е фрлена ... каде се сложив дека гринфилд инвестициите се навистина потребни на МК економија ... но и приметив дека Трската е фрлена - но дали е мамецот добар ке почекаме о крајот на годината ...ако судиме по постигнатото ке произлезе дека мамецот не е доволно добар ...

читај повеќе »

На темата ме потсети интервјуто на Веле Самак, дадено за денешен Утрински ... Ниедна странска компанија не се повлече поради НАТО ... Незнам колку е Веле Самак задоволен со постигнатото за овие две ипол години од доаѓањето на Груевски ... имено сеуште имаме најмалку странски директни инвестиции во споредба со околните земји ... и залудно е уверувањето на Самак дека нашето невлегување во НАТО не влијае на странските инвестиции ... нека се потсети Самак за бумот на странските инвестиции во Бугарија и Романија по нивното влегување во НАТО ... ич да не правиме анализа за нивото на странските инвестиции по нивното влегување во ЕУ ...

За Самак можам да кажам дека нешто ем работеше, ем постигна но право чудо беже зошто Ташковиќ не беше сменет понавреме ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter