Search This Blog

Monday, September 15, 2008

Одржлив развој ...

Од осамостојувањето до денеска имаме проблеми во економски и во политички развој ... економскиот се гледа во:

читај повеќе »

  • енормната невработеност, која никако да мрдне во насока на зголемување на стапката на вработеност ...
  • намалување на степенот на сиромаштија ...
  • зголемување на стандардот на вработените и пензионерите ...
  • зголемување на социјалната сигурност ...
  • зголемувањето на БДП ...
  • и многу други ...

а во политичкиот:

  • унапредување на демократските процеси ...
  • напредување во интегративните процеси кон Нато и ЕУ ...
  • решавање на отворените прашања со соседите ...
  • и многу други ...

Сите влади до сега во своите ветувања на изборите ветуваа дека ке решат дел од овие проблеми и дека ке воспостават одржлив развој на економските параметри и политичките состојби ... Колку од тоа успеваа се покажуваше во изборите каде владите беа казнувани за своето неработење т.е. неостварување на ветеното ...

Од сега натаму било која идна влада ке опстанува ако остварува она што го ветила ... и одржува таканаречен одржлив развој во било која област ... да не ги бројам посебно ... Еве прост пример за да сватите за што зборувам ... ако некој посади дрво или засади трева во парк ... а тоа дрво или трева се исуши во текот на годината ... тогаш кравата дала млеко, ама веднаш го ритнала ведрото ... не благодарам, не ми треба таква крава ... нека дава и помалку млеко, ама нека не го рита ведрото ...

Во ист правец Македонија минатата година засади ако не се лажам два милиона садници ... испадна дека ведрото е ритнато ... резултатите говорат дека многу малку од садниците се прифатени ... нека се посадеа 2000 садници и цела година ... години на ред - да се одржава додека самото не биде способно да се живее ... тоа е проект кој е успешен ... само голи големи бројки не се доволни ... тие се добри само за рекламни кампањи ...

Слично е и со странските инвестиции ... од сите странски инвестиции досега едвај да има 2000 вработени во однос на вкупно вработените тоа не е ни 1 процент ... очито е дека тоа не го решава проблемот со невработените ... мора да се смисли нешто друго ...

Да не редам натака, верувам Ви станува јасно за што муабетам ... Џабе странските донатори не велат - не даваме пари за проект кој потоа нема шанси за одржлив развој ... Одржливиот развој - треба да е главно мерило во секоја инвестиција и проект ... ако го нема ич нека не се почнува ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter