Search This Blog

Tuesday, December 30, 2008

Волан, сработеното во 2008-ма, очекувања за 2009-та

http://volanskopje.blog.com.mk/system/files?file=pictures/picture-4637.jpg

Крајот на секоја година е предодреден да се прави преглед/пресек на сработеното во минатата година ... да се оцени што имаш одработено во минатата година ...

читај повеќе »

Со што волан се занимаваше во 2008-ма ...

  • политика (562)
  • пари (275)
  • локално (194)
  • сеир (115)
  • блогосфера (108)
  • лично (107)
  • култура (93)
  • интернет (77)
  • фото (64)
  • Избори 2008 (57)
Ако судиме по десете категори, волан и оваа година често се занимаваше со следењето на политичката сцена во Македонија, со развојот на демократијата ... волан секојпат бил критички настроен према секоја моментална Влада не затоа што не ја почитува - туку за да понуди своја критичка опсервација за нејзината актуелна работа ... Минатата година беше изборна година.
  • Изборите донесоа зацврстување на владеачката позиција на ВмроДпмне ... очекувана и уверлива победа на ВмроДпмне ...
  • власта се обиде да стори нешто повеќе за економскиот развој на Македонија ... се до четвртиот квартал на оваа година економските параметри како БДП и растењето на економијата велеа дека имаме добар развој на економијата, иако тоа народот не го осеќаше ... за идната година дури ни владата не гледа така оптимистички како што гледаше до скоро на економскиот развој до пред некоја година ...
  • Владата се обиде да донесе странски инвестиции ... тука Владата на ВмроДпмне направи најголемо разочарување - бидејки нема ниедна нова странска инвестиција која е почната од владата на ВмроДпмне - ако не броиме некои “самопослуги“ ... ветувањата и очекувањата беа огромни ... малтено секое село испланира слободни економски зони ... се велеше дека нема да знаеме што ке правиме со странските инвестиции ... дури дека ке ни здосадат ... странските инвестиции при крајот на оваа година доживеаа потполн фијаско со крахот на берзите и финасиско/економската криза во светот ... се повлекоа или одложија најкрупните проекти кои беа во тек (да не ги набројувам ...)...
  • на полето на намалувањето на невработеноста актуелната Влада падна на испит ... се чини дека со последните отпуштања во металургијата и текстилната индустрија имаме повторно зголемување на бројот на невработените - кое се движи околу 30 проценти ...
  • Власта се обиде да оствари стабилност во државата на безбедносен план ... тука мојата оценка е дека владата на ВмроДпмне успеа да обезбеди релативен мир и безбедност со мали инцидентни ситуации ...
  • се обиде да оствари борба со криминалот и корупцијата ... овдека е вложен голем труд на Владата на ВмроДпмне ... но осем со ситниот криминал и корупција - не видовме многу нови крупни риби во мрежата ... Владата се реши да изгради неколку нови затворски капацитети и да го направи живото на затворениците што попопднослив ... мора да се анализира причината/е зошто Македонците станаа толку криминогени - па мора да се прават нови капацитети на затвори ...
  • имаме континуирани реформи во судството ... реформите се прават под притисок на ЕУ бенџмарковите ... но во суштина судството се повеќе се става под капа на партијата на власт и тоа е проблем кој неможе да остане неприметен ... се зголемија мерките со кои и се дадоа специјални права на специјалната полиција, особено во областа на следењето на комуникациите ... што наиде на крупни реакции на домашната јавност која рече дека ова е кратење на граѓанските права и слободи ...
  • недозволено многу и крупни законски решенија паѓаат на Уставнен суд ... Владата дури си дозволува дел од одлуките на Уставниот суд да ги критикува и правда ... велејки дека Уставниот суд е последен бастион на лицето Б.Ц. ...
  • на планот на слободата на медиумите - дури и Владата увиде дека оваа година имаме евидентиран пад во слободата на медиумите ... забележително е од сите дека медиумите се контролирани со пред се` ненормално многуте кампањи кои ги води Владата со што ги става под своја капа ... освежување е објавувањето дека ке се стопираат сите судски процеси против новинарите, кои се тужени за клевета ... никој не објавува колку троши Владата за разноразните промотивни и рекламни кампањи ... Министерот Славевски се правда дека незнае колкави се бројките ... ова веројатно ке биде приметеноо и од ЕУ за да прерасне во некој нов бенџмарк ...
  • војската се занимава со шминкерски работи како што се новите униформи ... а одкако година дена го квачеше извештајот за падот на хелихоптерот кога погинаа 11 воници ... сега извештајот го прогласи за строго доверливо и воена тајна ...
  • здравството кое е во процес на стални реформи успеа да ја раздвои целината на клиничкиот центар ... најново таму е направа мрежа на 160 камери со кое се доби можност за правење на ново “реалити шоу“ - трошејки за тој проект над милион евра ... народот многу малку доби како придобивка од здравството ... тоа стана прескапо за неговиот плиток џеп ...
  • во образованието Владата највеќе инвестираше - бидејки нели знаењето е сила знаењето е моќ ... огромен буџет доби проектот компјутер за секое дете ... проектот западна во застој бидејки дел од компјутерите не се користат што поради технички причини што поради неприпременоста на наставниците за работа во Линокс ... веронауката влезе на голема врата во основното образование оставајки поделеност меѓу родителите и збунетост кај децата ... проектот на нови факулети во секој град доживеа фијаско ...
  • и понатака немаме договор за најкрупните национални прашања ... прашањето за името е различно третирано од крупните политички играчи ... за да при крајот Председателот тотално да се одкаже од својата улога и партиципирање - препуштајки го вруќиот костен на Владата ... со образложение дека само на владата и стојат на располагање реалната моќ/средства да го реши прашањето за името и спорот со Грција ... Владата пак објави дека не гледа спремност од грчката страна за приближување на ставовите ... објави дека позади битката за името Грција всушност води војна за нашиот идентитет ... за да при крај на годината поведе спор пред Меѓународниот суд на правдата во која ја обвини Грција дека ја прекршила времената спогодба оневозможувајки и на Македонија да пристапи во НААТО ...
  • демократските процеси во минатата година по моја оценка се подзакочени ... немаме дебати по разни важни прашања за нашиот оптествено политички живот ... имаше безброј дебати и контрадебати на две поголеми партијски структури - секоја кај своите ... имаше спротивставени НВО-и кои дискутираа само во своето јато ...
  • имаше и бројни проекти на Владата кои беа добро прифатени меѓу народот ... како на пример взаемната комуникација со народот и барање на идеи од народот ... засадување на нови садници ... зголемената грижа кон некои социјални структури и хендикепирани лица ... многубројните археолошки истражувања и зголемување на платите на културните работници ... расчистување со теретот на денационализацијата ... намалување на многу цени на услуги кои се прават од дружавни органи ... скратување на некои постапки пред државните органи ... особено во Катастарот ...
Што очекувам од 2009-та ... ништо спектакуларно ... како што вели и почитуваната Ванковска оваа година ожнеавме тоа што посеавме во минатата година а идната ке биде со слични резултати ... евентуалното очекувано укинување на визите ке фрли малку светло во транзициониот тунел во кој тонеме 18 години под водство на двете најголеми партии ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter